Новиот Mitsubishi Eclipse Cross пристигна во Македонија!

Mitsubishi го искористи името Eclipse за својот нов мал SUV модел како паралела помеѓу спортскиот Eclipse кој беше прекинат со производство во 2012 година и на тоа име e додадено Cross бидејќи се работи за SUV модел со форма на купе. Надворешниот дизајн е спортски и сосема различен од сите други модели во оваа класа.

Во ентериерот повеќето материјали се од доста добар квалитет, а има и делови на централната конзола и на вратите кои се во сјајно црна и сребрена боја за полуксузен изглед, кул е тоа што добивате touchpad контролер за infotainment системот,  head-up дисплеј и уште многу нови технологии.

Достапни се четири нивоа на опрема- Invite, Intense, Intense+ и Instyle-Сите нивоа вклучуваат доста богата стандардна опрема.
Eclipse Cross доаѓа со нов 1.5 турбо-бензински мотор со 163 коњски сили и 250Nm вртежен момент.Силата ја пренесува на предните тркала, а како опција достапен е и 4WD систем.Исто така, може да одберете помеѓу 6-степен мануелен менувач или автоматски CVT менувач.

Почетната цена за Mitsubishi Eclipse Cross изнесува 23.980€.

Повеќе информации може да најдете на https://www.mitsubishimotors.mk/eclipse-cross-2019-1/#!section-cc или да го посетите продажниот салон на Мак Ауто Стар каде што ќе може и да го видите новиот Mitsubishi Eclipse Cross.