Македонскиот автомобилски пазар од денес е побогат за уште еден кинески производител. Компанијата Автонова официјално го претстави Leapmotor, бренд кој во последните години бележи брз раст на европските пазари и кој сега им станува достапен и на домашните купувачи.
На свечен промотивен настан беше претставена целокупната актуелна гама на модели, со што започнува официјалната продажба на возилата на Leapmotor во Македонија. Брендот е препознатлив по комбинацијата на современа технологија, богата сериска опрема и конкурентни цени, а во понудата нуди целосно електрични модели, како и возила со Range Extender технологија која овозможува значително поголема автономија.
Најпристапниот модел во гамата е компактниот градски T03, кој е наменет за секојдневно урбано возење. Опремен е со батерија од 37,3 kWh која обезбедува автономија до 265 километри со едно полнење. Во Македонија ќе биде достапен исклучиво во богато опременото ниво Design, а неговата почетна цена изнесува 17.990 евра.
Во SUV сегментот, Leapmotor ја нуди новата генерација на B10, модел кој ќе биде достапен како целосно електричен автомобил, но и во REEV (Range Extended Electric Vehicle) изведба. Електричната верзија започнува со нивото Life Pro по цена од 24.990 евра, следува Life ProMax за 26.990 евра, додека најбогатата верзија Design чини 28.490 евра. Основниот B10 располага со батерија од 56,2 kWh и автономија до 361 километар, додека повисоките пакети добиваат батерија од 67,1 kWh која овозможува досег до 434 километри со едно полнење.
За оние кои сакаат максимална флексибилност при подолги патувања, достапна е и B10 REEV верзијата. Таа се нуди во пакетите Life REEV и Design REEV, по цени од 26.490 и 27.490 евра. Овој модел користи бензински мотор кој не ги придвижува тркалата директно, туку служи како генератор за полнење на батеријата од 18,8 kWh. Благодарение на ова решение, вкупната автономија достигнува импресивни 900 километри, што значително ја намалува потребата од чести полнења.
Тука е и најновиот модел B05, модерен целосно електричен хечбек кој ја имаше својата европска премиера пред многу кратко време. Моделот е достапен со две батерии – со 56,2 kWh и 57,1 kWh, а цените за овој модел започнуваат од 24.990 евра. Ова го прави еден од најконкурентните електрични автомобили во својот сегмент.
Во врвот на SUV понудата се наоѓа C10, модел кој комбинира просторност, високо ниво на комфор и напредни технологии. Основната електрична изведба Life Pro располага со електромотор од 218 коњски сили, батерија од 69,9 kWh и автономија до 420 километри – цената за оваа верзија изнесува 29.990 евра. Истата механика е достапна и во побогатото ниво Design Pro, чија цена изнесува 30.990 евра. За купувачите кои бараат поголеми перформанси, понуден е C10 Design ProMax со електромотор од 300 коњски сили, батерија од 81,9 kWh и автономија до 510 километри, по цена од 35.490 евра.
На самиот врв се наоѓа C10 Design ProMax AWD, кој користи два електромотори и погон на сите четири тркала. Со комбинирана моќност од дури 598 коњски сили, ова е најмоќниот модел во понудата на Leapmotor, а цената за оваа изведба изнесува неверојатни 37.490 евра.
И C10 е достапен во REEV изведба, при што купувачите можат да изберат помеѓу пакетите Life и Design, со почетни цени од 32.990 и 34.990 евра.
Со доаѓањето на Leapmotor, македонските купувачи добиваат значително поширок избор на современи електрифицирани возила, од компактни градски автомобили до семејни SUV модели. Комбинацијата од богата сериска опрема, конкурентни цени, современи безбедносни системи и напредни електрични технологии го позиционира брендот како сериозен нов играч на домашниот пазар, особено во време кога интересот за електричната мобилност постојано расте.
Повеќе информации за автомобилите може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Автонова.































