Македонска премиера на целосно новиот Porsche Cayenne Electric

Во рамките на ексклузивен и визуелно спектакуларен настан, Порше Македонија официјално ја претстави новата ера на луксузните SUV возила на македонскиот пазар – целосно електричниот Porsche Cayenne Electric.

Новиот Cayenne Electric нуди технички иновации, перформанси, брзо полнење и… многу моќност. Porsche Cayenne Turbo Electric има 1.156 коњски сили и 1500 Nm вртежен момент. Да, навистина „луди“ бројки. Каросеријата на автомобилот во споредба со верзијата со мотор со внатрешно согорување е продолжена за 5 сантиметри, но самото меѓуоскино растојание е неверојатни 13 сантиметри подолго. Исто така, има огромни 23-инчни тркала. Широките тркала, позначајните линии и препознатливите браници му даваат на автомобилот впечаток на колосални пропорции.

Пред присутните се обрати Генералниот Менаџер на Порше Македонија, Златко Муцунски, кој ја истакна стратешката важност на овој модел и посветеноста на компанијата кон одржливата мобилност.

„Кога Cayenne за првпат се појави пред повеќе од две децении, тој направи револуција како спортски SUV. Денес, со гордост го претставуваме неговиот следен еволутивен чекор – Cayenne Electric. Ова возило не е само нов модел, туку е доказ дека супериорните спортски перформанси и еколошката свест можат совршено да егзистираат во едно ремек-дело. Со ова, ја потврдуваме нашата визија да бидеме лидери во електричната иднина на автомобилизмот во Македонија“, изјави Златко Муцунски, Генерален Менаџер на Порше Македонија.

Клуминацијата на вечерта беше самото откривање на возилото, проследено со футуристички светлосни и аудио ефекти. Деталната презентација на перформансите и врвната технологија ја одржа Маркетинг Менаџерот, Стефан Јовановски, кој ја елаборираше инженерската прецизност зад новиот Cayenne Electric.

Новиот модел се одликува со напредна 800-волтна архитектура која овозможува ултра-брзо полнење, импресивен автономија на батеријата прилагодена за долги патувања и задржување на препознатливиот Porsche спортски ДНК со инстантна испорака на моќност.

Клучни карактеристики на новиот Porsche Cayenne Electric:

  • Целосно електричен погон: Напредна технологија на батерии со нула емисија на штетни гасови.
  • Спортски перформанси: Задржување на легендарната динамика на возење и агилност по кои е познат Cayenne.
  • Ултра-брзо полнење: Поддршка за моќни DC полначи, овозможувајќи полнење на батеријата за рекордно кратко време.
  • Дигитален луксуз: Комплетно обновен ентериер со најновиот Porsche Driver Experience систем и напредни системи за асистенција.

Во срцето на целосно електричните Cayenne модели е новоразвиената високонапонска батерија од 113 kWh, која има корист од двострано ладење за оптимално термално управување. Ова резултира со комбиниран WLTP опсег до 642 километри за Cayenne Electric и до 623 километри за Turbo. Благодарение на својата 800-волтна технологија, Cayenne се полни со DC полнење до 390 kW – а под специфични услови дури и до 400 kW. SoC (состојба на полнење) може да се зголеми од 10 на 80 проценти за помалку од 16 минути, а енергијата за дострел од 325 километри (Cayenne) или 315 километри (Cayenne Turbo) може да се додаде во рок од 10 минути. Робусните перформанси при полнење беа главен фокус при развојот на новиот Cayenne.

Новиот Porsche Cayenne Electric е веќе достапен за нарачкa во продажниот салон на Porsche Centar Skopje.