Во Македонија ќе се одржи глобалниот WE RIDE AS ONE настан на Ducati

Во сабота, на 9-ти Мај, љубителите на Ducati од повеќе од 65 земји ќе се обединат под едно име, една страст и еден препознатлив звук. Без разлика дали се наоѓаат во Европа, Азија, Америка или Австралија, сите ќе бидат дел од истата приказна – глобалниот настан We Ride As One, кој од година во година станува симбол на заедништвото и уникатната Ducati култура.

Она што ги поврзува Ducatisti не се само моторите, туку и емоцијата, адреналинот и чувството на припадност кон едно светско семејство. Токму затоа We Ride As One не е само обично групно возење, туку вистинска прослава на страста кон мотоциклизмот, слободата и духот на Ducati.

Од Ducati најавуваат незаборавно искуство исполнето со дружење, заеднички возења, добра атмосфера и моменти кои ќе останат запаметени. Настанот е создаден за сите фанови на брендот да можат заедно да ја почувствуваат енергијата што Ducati ја носи веќе цел век. Оваа година, настанот има уште поголемо значење бидејќи се одбележува јубилејната 100-годишнина на Ducati – историски момент за брендот кој со децении претставува симбол на перформанси, дизајн и страст.

Особено значајно е што и Македонија ќе биде дел од оваа глобална прослава. Домашните Ducati ентузијасти ќе имаат можност да се приклучат на светската Ducati заедница и да бидат дел од настан кој истовремено ќе се случува низ целиот свет. На тој начин, и нашата земја ќе учествува во одбележувањето на еден век Ducati историја, традиција и незапирлива страст кон две тркала.

Настанот ќе започне на 9-ти Мај во 9:00 часот пред салонот на МакАутоСтар, а потоа ќе следи дефиле низ целиот град.