Во салонот на Geely во Скопје веќе пристигна новиот плаг-ин хибриден Starray EM-i. На прв поглед, дизајнот силно потсетува на целосно-електричниот EX5, со кој дели голем дел од технологијата. Сепак, Geely одлучи да му даде посебен идентитет преку името Starray EM-i, јасно позиционирајќи го во сегментот на електрифицирани хибриди и нагласувајќи ја неговата практичност и флексибилност.
Под хаубата на Starray EM-i се наоѓа новиот NordThor 2.0 погон. Ова комбинира 1.5-литарски бензински мотор со четири цилиндри и 100 коњски сили, кој работи во комбинација со батерија од 18.4 kWh и моќен електромотор со 215 коњски сили и 262 Nm вртежен момент. Оваа комбинација овозможува електрична автономија до 83 километри, додека вкупниот досег со полна батерија и полн резервоар за гориво достигнува околу 950 километри. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 8.1 секунда, што значи дека покрај ефикасноста, Starray EM-i нуди и солидни перформанси.
Како што може да се очекува од Geely, опремата е на доста високо ниво. Внатрешноста нуди премиум чувство благодарение на кожните седишта со греење и вентилација, како и висококвалитетен аудио систем. Кабината е модерна и целосно дигитализирана, со големи екрани и напреден инфозабавен систем кој овозможува интуитивно управување со сите функции.
Безбедноста е исто така на врвно ниво. Starray EM-i доаѓа со најсовремени системи за асистенција и заштита на патниците. А она што вреди да се напомене е дека на EuroNCAP тестирањето, моделот освои максимални пет ѕвезди.
Новиот Starray EM-i e достапен во две нивоа на опременост – Pro и MAX и уште во првото ниво се добива навистина богата стандардна опрема. Автомобилот може да го погледнете во салонот на Geely, a моментално во тек е и роденденската акција на брендот со која може да добиете и попуст до 5.000 евра.
Повеќе информации може да најдете ТУКА.



























