Гласањето за овогодинешниот Избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија – Златно Тркало од вчера е официјално започнато! Оваа година има вкупно 16 кандидати и 4 различни категории.
Сите Вие може да гласате за вашиот фаворит во секоја од петте категории:
- Најпосакуван Семеен Автомобил во Македонија за 2026 година
- Најпосакуван Градски Автомобил во Македонија за 2026 година
- Најпосакуван Електрифициран Автомобил во Македонија за 2026 година
- Главна Награда – Најпосакуван Автомобил во Македонија за 2026 година
Ние, организаторите подготвивме материјали за сите учесници со цел подобро да ги запознаете сите финалисти и да го дадете вашиот глас за возилото кое мислите дека највеќе заслужува.
Гласањето трае од 15ти до 31ви Март 2025 година, а победниците ќе бидат објавени на 1ви Април!
