Новата Opel Mokka беше промовирана на македонскиот пазар во нејзината заводлива Tropical Green боја. Истата беше изложена во бензинска изведба со 1.2-литарски мотор со 136 коњски сили и GS ниво на опременост. Модерна, компактна и со дополнителни стилски елементи – тоа е новата Opel Mokka.
Популарниот SUV во гамата на Opel од секогаш привлекувал погледи и важел за еден од највпечатливите модели, сега е збогатен со уште повеќе елементи. Ова не се должи само на изострениот дизајн, туку и на трите дополнителни нови бои на каросеријата кои сега се достапни за новата Opel Mokka.
Тие навистина го истакнуваат овој компактен SUV. Металик боите: сината Kolibri и зелената Tropical, обете создадени ексклузивно за Mokka, како и еднобојната сива Graphik гарантираат дека новата Mokka ќе продолжи да привлекува внимание. Особено кога непогрешливите бои формираат карактеристичен контраст со опционалниот покрив обоен во црна Karbon боја и опционалната црна хауба.
„Новата или ре-дизајнираната Opel Mokka припаѓа на B-SUV сегментот и можам со задоволство да кажам дека е навистина една од највпечатливите возила во својата класа. Особено новите бои кои ја прават уште повеќе смела и самоуверена во секој поглед. Opel Mokka се осмелува да биде различна уште на прво видување. Клиентите веднаш ги привлекува надворешниот изглед, а дополнително се фасцинираат и од нејзината внатрешност и целата технологија која што е употребена за уште поголемо уживање при возење. Воедно запазувајќи го пристапот на „Greenovation“ на брендот Opel.“ – Изјави Драган Јовев, Продукт менаџер за Опел во Еуроимпекс.
Со своите смели и јасни линии, вклучувајќи го Opel Vizor, Mokka веќе остави свој белег. Тоа беше првиот модел кој го воведе карактеристичното бренд лице, кое сега го краси секој нов модел. Овој самоуверен дизајн инспирира многу клиенти – и затоа Opel не ја преработи комплетно надворешноста на Mokka, туку суптилно ги нагласи нејзините визуелни сили. Новиот Opel Blitz во центарот на Opel Vizor помага дополнително да се нагласи карактерот на Mokka. Црниот Vizor визуелно ги интегрира новиот Blitz и светлата во еден елемент. Како на новата Opel Frontera, познатиот потпис на LED светлата напред и назад свети во по-модерна интерпретација со три „осветлувачки блокови“ што обезбедуваат безкомпромисен изглед.
Новата Opel Mokka продолжува со својата ресурсно-економична стратегија во внатрешноста. Сите ткаенини се направени од материјали со рециклиран состав. Визуелно, „детокс“ пристапот – јасната фокусираност на основните елементи – зазема централна сцена. Централната конзола помеѓу предните седишта, во мат сребрена нијанса, сега е уште појасна од порано. Целиот дизајн на кокпитот сега изгледа посвежо и посакувано, како од повисока класa на возила. На пример, дизајнот на преостанатите прекинувачи за електричната паркирна сопирачка и селектираните начини на возење (на Mokka Electric и автоматските верзии) доаѓа од новиот Opel Grandland.
Новиот мултимедијален и инфозабавен систем исто така ја носи новата Mokka на следното ниво. Понатаму развиениот бестселер сега нуди 10-инчен дигитален дисплеј за информации за возачот и исто така голем екран на допир како стандард. Истиот може лесно да се управува преку модули, како преку паметен телефон – алтернативно и во комбинација со опционалниот навигациски систем, едноставно „Хеј, Opel“ е доволно за користење на природното препознавање на глас. Двата екрани можат да се персонализираат на многу начини. Системот го препознава личниот профил на возачот на поврзаниот паметен телефон; поврзаноста е секогаш безжична во новата Mokka.
Новиот модел e достапен во две нивоа на опременост: „Edition“ и „GS“ и може дополнително да се прилагодат со два индивидуализирани пакети. Компактниот SUV покрај помоќниот бензински 1.2-литарски мотор со 136 коњски сили e достапен и како модерен хибрид со 48V технологија. Исто така достапна е и целосно електрична верзија со 156 коњски сили и батерија од 54 kWh – со автономија до 403 километри.
Цените за новата освежена Mokka започнуваат од 21.990 евра за Edition верзијата.
Повеќе информации за автомобилот може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Opel.























