Новиот Citroen C3 пристигна во Македонија

Целосно новата и револуционерна четврта генерација на Citroen C3 отсега достапна и на македонскиот пазар. Ова е најпопуларниот модел на брендот кој има продадено повеќе од 5,6 милиони примероци од лансирањето на првата генерација во 2002 година. 

Значајно е што целосно новиот C3 сигнализира едно ново поглавје за Citroen. Популарниот и смел бренд повторно се измислува себеси за агресивно да одговори на предизвиците и да понуди уникатен модел во популарниот Б-сегмент. Четвртата генерација на Citroen C3 добива комплетно нов и свеж дизајн, а наметливиот изглед кој го отелотворува новиот храбар дизајн на брендот на Citroën остава многу силен впечаток. Напред, повисокиот и повертикален лик содржи големо ново овално „шеврон“ лого кое гордо е сместено во центарот и е засилено од секоја страна со сјајни црни хоризонтални решетки со привлечна и техничка интерпретација.  

Главен елемент е препознатливиот нов дизајн на предните и задните светла, кој првпат беа видени на концепт возилото Citroën Oli, и кој се одликуваат со уникатен светлосен потпис на три нивоа со една вертикална и две хоризонтални леќи кои речиси изгледаат како сечила. Кратката, висока и хоризонтална хауба се одликува со технички извајани површини, кои ја привлекуваат светлината и имаат контраст со повертикалниот преден профил, внесувајќи го поголемото, исправено ветробранско стакло кое му дава на автомобилот поголем волумен.

Идентитетот на потписот продолжува во задниот дел со техничко вајање во долниот дел од задната врата, над кој се наоѓа хоризонтална сјајна црна декоративна лента со истата техничка шема инспирирана од шевронот што се користи на вертикалната предна страна. Новите препознатливи задни светла се втурнуваат во аглите на возилото и се состојат од две хоризонтални и една вертикална леќа кои одекнуваат на предните групи. 

Вистинска револуција и уникатност не пречекува и во внатрешноста – вакво нешто би можело да се очекува само од Citroен и ниту еден друг бренд. Пространата внатрешност е направена околу едноставни, но рафинирани површини за да им обезбеди на патниците амбиент сличен на оној во нивната домашна дневна соба или салон. Новиот C3 има и нови Citroën Advanced Comfort® седишта кои се прилагодени за автомобилот и користат дополнителна пена за да обезбедат меко чувство уште од првиот контакт. 

Вистинска уникатност и нешто што за прв пат се појавува во сериски автомобил е недостатокот на традиционална инструмент табла. Целосно новиот C3 ја гледа првата употреба на новиот Citroën Head-Up дисплеј кој ги рефлектира информациите за возилото на сјајно црн дел помеѓу горниот дел од контролната табла и долниот дел на шофершајбната.  Во центарот на контролната табла „лебди“ 10,25-инчен екран за инфозабавниот систем, малку под агол кон возачот, додека основната верзија добива „My Citroen Play with Smartphone Station“ со посветена апликација за пристап до музика, радио, повици и навигација преку нивниот сопствен паметен телефон.

Новиот C3 е достапен со 1.2-литарски PureTech турбо-бензински мотор со 100 коњски сили и 6-степен мануелен менувач, скалило погоре е хибридна верзија од истиот овој мотор кој е спарен со 6-степен автоматски менувач. Додека на врвот се наоѓа целосно електричната верзија која користи батерија со капацитет од 44 kWh и која овозможува досег до 320 километри. 

Новиот C3 е достапен во вкупно три нивоа на опременост – You, Plus и Max. Цените за основното ниво на опременост започнуваат од 15.990 евра, хибридната верзија во Plus ниво започнува од 19.490 евра, додека целосно електричната верзија има почетна цена од 26.990 евра. 

Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Citroen.