Премиера – Ford ја претстави новата фејслифт Kuga 

Време е за промени – и тоа големи! Ford Kuga дебитира во освежена верзија која воведува многу нови работи. Овде не се промени само предниот дел на автомобилот – синиот овал воведе клучни подобрувања во внатрешноста и исто така темелно го обнови опсегот на погонски единици.

Ова е еден од најпопуларните модели во палетата на овој производител. Ова не треба никого да изненади – на крајот на краиштата, зборуваме за класа SUV возила што се граничат со Ц и Д сегментите. Токму таквите автомобили се најпопуларни на пазарот. По речиси 4 години на пазарот, дојде време за првиот голем фејслифт. Новата Ford Kuga воведува не само голем број визуелни промени и нови верзии на опрема. Голема револуција се случи во внатрешноста и под хаубата на овој модел.

Новата фејслифт Ford Kuga нема да ја помешате со претходната верзија на улица. И сето тоа благодарение на целосно новиот преден дел на автомобилот. Ова и не е изненадување – истиот стил беше искористен за Ford Escape, американската верзија на Kuga. Сепак, европската варијанта доби сосема различни браници, кои визуелно се разликуваат во зависност од верзијата на опремата. И тука ќе добиеме три клучни варијанти – Titanium, ST-Line и новата Active варијанта. Вториот може да биде високо ценет бидејќи и дава на Kuga борбен изглед. 

Зголемено е и растојанието од подлогата, за 10 мм напред и 5 мм назад. Интересно е тоа што ова важи за сите верзии, освен за plug-in хибридот, кој има малку пониска суспензија. Варијантата ST-Line, пак, има поагресивно дизајнирани браници со доводи за воздух и атрактивни алуминиумски бандажи. Во гамата дебитираат и интересни бои на каросеријата: Desert Island Blue и Bursting Green.

Во внатрешноста тешко е да се пропушти новата мултимедија. Сега користи дисплеј од 13,2 инчи со новиот SYNC4 систем и ја превзема улогата на контрола на климата. Така, бројот на физички копчиња е ограничен на минимум. Ford исто така го освежи изгледот на дигиталната инструмент табла на Kuga. Најголемата промена во кабината се задноти седишта, кои сега имаат лизгачка функција од 150 мм. Ова овозможува зголемување на багажникот од 412 литри на 553 литри. Откако ќе се преклопат задните седишта, ќе добиеме вкупно 1.534 литри за користење. Вреди да се обрне внимание и на новите седишта со подолг долен дел и подобра странична потпора.

Освежената Ford Kuga, исто така, има нова палета на погонски единици. Kuga се збогуваше со дизелите…Затоа, од понудата исчезнува 2.0-литарскиот дизел со 120 коњски сили, кој беше последната достапна варијанта на овој мотор. Сега изборот е ограничен на бензински мотори, хибриди и plug-in хибриди.

Листата се отвора со 1.5-литарскиот EcoBoost мотор со 150 коњски сили, достапен во основната верзија со 6-степен мануелен менувач и погон на предните тркала. Ford ветува спринт до 100 км/ч за 9,5 секунди и потрошувачка на гориво во опсег од 6,3-7,2 Л/100 км.

Втората опција е класичен хибрид, базиран на 2.5-литарски мотор. Послабата верзија нуди 180 коњски сили со погон на предните тркала и 183 коњски сили во AWD верзијата. Овде, задните тркала се движат со дополнителен електричен мотор. Јасно е дека Ford се фокусира на такво издание на Kuga – тоа ќе биде директен одговор на Toyota RAV4. Хибридот достигнува 100 км/ч за 8,3 секунди и троши малку гориво, што ќе биде голема предност.

Понудата завршува со Ford Kuga PHEV, која сега нуди 243 коњски сили. Ажурирањето на софтверо овозможи да се зголеми моќноста и да се одржи висока ефикасност на погонот. Досегот само на струја тука е од 60 до 88 километри со едно полнење. Спринтот до 100 км/ч трае 7,3 секунди, а максималната брзина е 200 км/ч. Вреди да се спомене дека Kuga FHEV (хибрид) и PHEV (plug-in hybrid) имаат нов менувач, што овозможува зголемување на капацитетот на влечење за 30%. Така, сега можете да закачите приколка до 2.300 килограми.

Новата Ford Kuga ќе биде лансирана во варијантите Titanium, ST-Line, Active, ST-Line X и Active X. Врвните верзии вклучуваат, меѓу другото, PIXEL LIGHT LED светла, кои не само што подобро го осветлуваат патот, туку имаат и функција да ги „маркираат“ пешаците и велосипедистите откако ќе се стемни.

Цените и опремата на новата Kuga ќе бидат објавени во блиска иднина. Продажбата на овој автомобил би требало да започне кон средината на оваа година.