SEAT ја прославува 40-годишнината од Ibiza, најпознатиот модел на брендот, со ограничено издание наречено „Anniversary“. Моделот наречен по островот „Ибица“ донесе голем комерцијален успех. Од 1984 година па се до сега, во вкупно пет генерации, продадени се повеќе од шест милиони примероци од овој модел.
Првата генерација на SEAT Ibiza беше првиот автомобил развиен од шпанската марка без помош од технолошки партнер. Во исто време, SEAT користеше сопствено знаење и искуство на надворешни партнери. Џорџето Џуџаро ја дизајнираше надворешноста, Карман беше задолжен за внатрешен дизајн, а Porsche ја разви погонската единица. Од неговото претставување во 1984 година, Ibiza стана репер во својот сегмент, а во исто време, фундаментално го отвори патот за успешен развој на брендот SEAT, кој прерасна во глобална компанија која ги снабдува своите возила на пазарите околу светот.
„Успехот на иконската Ibiza значеше дека клиентите во некои земји беа повеќе свесни за автомобилот отколку за самата марка! Марката SEAT моментално ја има најдобрата палета на производи во својата историја и во моментов е најсилна досега“, рече претседателот на SEAT, Вејн Грифитс. „Како што се нормализира ситуацијата со снабдувањето со полупроводници, продажбата е зголемена за 24%, односно до 288.400 единици испорачани во 2023 година“.
SEAT Ibiza Anniversary Limited Edition ќе има нова опрема и нови бои заедно со нови алуминиумски тркала и детали на дизајнот. Надворешниот дизајн на автомобилот ќе импресионира со неговата ексклузивна Graphene сива боја на каросеријата и 18-инчни алуминиумски тркала во Cosmo сива нијанса. Кровните B-столбови се украсени со исклучително ласерски врежано лого “Anniversary Limited Edition”.
Нова атмосфера во внатрешноста е создадена од ексклузивните анатомски обложени седишта со ткаенина, кои на возачот и совозачот им обезбедуваат ново ниво на поддршка на телото при динамично возење заедно со одличен комфор. Нови се и декоративните облоги во темен алуминиум со мат финиш на панелите на вратите и централната конзола. На праговите на вратите е поставено и логото „Anniversary Limited Edition“ кое е ласерски изгравирано.
SEAT Ibiza Anniversary Limited Edition е достапна за нарачка од првиот квартал на 2024 година.





