Alfa Romeo Македонија нудат промотивна изведба „Business“ за атрактивниот SUV модел Stelvio, која вклучува гратис дополнителна опрема во вредност од 6.300 евра.
Stelvio е автомобил кој нуди комбинација на италијански стил, дизајн, технологија и перформанси. Се одликува со својата технолошка опрема и агресивниот но сепак елегантен стил.
Business изведба вклучува стандардна опрема како што се: Автоматски двозонски клима уред, електрично отворање на врата од багажник, 7″ дисплеј во боја на инструмент табла, Apple Carplay/Android Auto, адаптивен темпомат, Hill Descent Control, автономно кочење, во случај на опасност, предупредување при несакана промена на лента на движење, задни паркинг сензори, безжичен полнач и многу друго.
Дополнителната опрема која ја добивате гратис вклучува: 19-инчни алуминиумски бандажи, електрохроматски надворешни ретровизори, седишта обложени во комбинација кожа со ткаенина, Alfa Connect 3D NAV инфо-забавен систем со 8.8-инчен екран, DAB радио, сензор за мртов агол и сензор за премин преку линија и металик боја.
Под хаубата на оваа изведба на Stelvio се наоѓа 2.2-литарски JTDM дизел мотор кој располага со 190 коњски сили, а стандардно е опремен со автоматски менувач. Достапни се верзии со погон само на задните тркала или пак со погон на сите четири тркала.
Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА.


























