Ова е втор од ваков вид салон за автомобили на Premium Used, следејќи го претходниот пример на успешна приказна со отворањето на салонот за Mercedes-Benz користени возила, кој за само една година побуди огромен интерес кај купувачите. Главна цел на Premium Used е да им понуди на купувачите поголем избор и сигурност при носењето на одлука за купување на користено возило.
Салоните се единствени од ваков вид во Македонија, бидејќи во понуда се користени возила кои не се постари од 5 години и со мал број изминати километри. Во премиум услугите исто така се вклучени и бесплатно сервисирање и 6 месечно бесплатно отстранување на евентуални дефекти. Значајно да се напомене дека секое возило претходно, детално се прегледува во сервис и возилото се предава на идниот сопственик во исправна состојба.
Исто така, на клиентите им следува и бесплатна регистрација, како и полирање и хемиско чистење на внатрешноста.
Со цел полесно информирање на купувачите за сите новитети во салонот, на располагање е веб страната http://www.premiumused.mk каде што може да ги видите сите достапни автомобили.







