ОФИЦИЈАЛНО: Ова се новите BMW M3 и M4!

35 години откако првото BMW M3 излезе на сцената, денес BMW M ја претставува најновата генерација на своите спортски автомобили – M3 и M4.

Ајде на брзина за надворешниот изглед – Веднаш е јасно дека оваа генерација на M3 и M4 нема да биде по сечиј вкус, а тоа е поради контроверзната маска (бубрезите) на предниот дел. Карактеристичниот дизајн на каросеријата на новиот BMW M3 Sedan и новиот BMW M4 Coupé испраќа посмела изјава за врската на перформансите и емотивно привлечното возачко искуство. М специфичните карактеристики на дизајнот цврсто вложени во функционалните барања на спортските автомобили со високи перформанси се интегрирани хармонично во модерниот дизајнерски јазик. Најголемиот удел за визуелно впечатливиот изглед на двата модели е специфичната М верзија на големата, вертикална решетка на предниот дел, моќните и широки крила со привлечни М-жабри и видливо проширените странични прагови. Седанот и купето исто така имаат покрив изработен од carbon-fibre-reinforced plastic (CFRP) со аеродинамички оптимизирани перки, заден спојлер и два пара издувни цевки кои сега се вообичаена карактеристика на M автомобилите. Full LED фарови доаѓаат како стандард, додека адаптивните LED фарови со ласерскa технологија можат да бидат нарачани како опција. Достапни се и нови бои за надворешноста кои се ексклузивно достапни само за M моделите – Sao Paulo Yellow, Toronto Red metallic и Isle of Man Green.

Она што е најважно за овие спортски автомобили се крие под хаубата – новите M3 и M4 добиваат комплетно нов 3.0-литарски шестцилиндарски мотор. Стандардните M3 и M4 располагаат со 550 Nm вртежен момент достапен од 2.650 до 6.130 вртежи во минута, додека максимална моќност од 480 КС е достапна при 6,250 вртежи во минута. Competition моделите располагаат со 650 Nm вртежен момент достапен од 2.750 до 5.500 вртежи во минута, додека максималната моќност тука е 510 КС при 6,250 вртежи во минута, а црвената линија на моторот достигнува импресивни 7.200 вртежи во минута. Стандардните модели од 0 до 100 км/ч забрзуваат за 4.2 секунди, а Competition моделите ја намалуваат оваа бројка на 3.9 секунди. Специфичниот електронски контролиран издувен систем обезбедува емотивен и богат спортски звук.

Нешто што е за пофалба е тоа што и двата модели се достапни со мануелен менувач! – Комбинацијата на шестцилиндричен мотор и шестстепен мануелен менувач во новиот BMW M3 Sedan и новиот BMW M4 Coupé пружа класично спортско искуство при возење. Рачниот менувач е опремен со Gear Shift Assistant кој користи контрола на брзината за да се обезбеди возење без лизгање кога се менува брзина во понизок степен на пренос при сопирање во свиоци.

Осумстепениот M Steptronic автоматски менувач со Drivelogic во Competition моделите е совршено усогласен со карактеристиките на моторот. Овозможува целосно автоматско менување на степените, како и рачно менување со рачката на менувачот или со лопатките за менување на воланот. Карактеристиките на менувачот се прилагодуваат со помош на Drivelogic копчето кое е интегрирано во рачката на менувачот. Возачот може да пристапи до три јасно изразени поставки и во автоматски и во рачен режим.

За прв пат во историјата на BMW M3 и BMW M4, клиентите ќе можат да одберат систем за погон на сите тркала – како алтернатива на традиционалните модели со погон само на задните тркала. Системот M xDrive има пристрасност кон задните тркала и се поврзува со активниот M диференцијал на задната оска. Возачот ќе може да избере помеѓу режимите 4WD и 4WD Sport, додека вториот насочува поголем дел од вртежниот момент кон задните тркала. И исклучувањето на DSC (Динамичка контрола на стабилноста) внесува 2WD режим во равенката. Испраќањето на моќноста само на задните тркала и суспендирањето на стабилизирачките интервенции од контролните системи ги третира искусните возачи до некорумпирано искуство во возењето, односно дрифтање.

Внатрешноста на новите BMW M3 и M4 е со јасно структурирани површини и ергономски беспрекорен дизајн на кокпитот со кој се обезбедува фокусот на возачот да остане сто проценти на интензивното возачко искуство. Новоразвиените, електрично прилагодливи спортски М седишта со финозрнеста мерино кожа се стандардни, исто така за прв пат до сега се нудат со вентилација во седиштата. Опција која се издвојува и е уникатна за овие модели се новите M Carbon bucket седишта со структуриран дизајн кои комбинираат тркачка функционалност со лесна конструкција, удобност на долги патувања и врвна изработка. Овие иновативни седишта имаат потпирачи за глава што можат да се демонтираат за возење на патека, осветлена ознака на моделот и електрично прилагодување. Нивната структура инспирирана од тркачки автомобил, исто така, овозможува употреба на сигурносни ремени со повеќе точки.

Исклучително високата цврстина на торзијата на каросеријата и шасијата е клучен фактор во обезбедување врвна комбинација на динамика, агилност и прецизност, а токму за тоа се познати моделите на BMW M. Специфичен пакет на елементи за зацврстување на моторниот простор, подрамка на предната оска со алуминиумски сноп панел, елементи за прицврстување на подот и подрамка на задната оска со круто поврзување на каросеријата, играат улога во точно контролираното ракување на автомобилите во динамично интензивни ситуации. Адаптивната M суспензија со електронски контролирани амортизери и специфична М кинематика за предната и задната оска се стандардни карактеристики на новиот BMW M3 Sedan и новиот BMW M4 Coupé. Стандардна спецификација има ексклузивни М бандажи од лесна легура – 18 инчни на предните тркала и 19 инчни на задните тркала.