Третата генерација на луксузниот спортски седан на Volvo пристигна и на нашиот пазар!
Новото S60 е првиот модел на Volvo кој ќе се произведува во Америка, поточно во новата фабрика во Јужна Каролина. Исто така, ова е првиот модел на брендот кој нема да биде достапен со дизел мотор. Во замена на тоа, достапни се неколку хибридни изведби. Новото S60 е поставено на SPA платформата која што ја користат и XC60, V60, XC90, S90 и V90, а тоа значи дека и S60 ги добива сите најнови активни безбедносни системи. City Safety системот доаѓа со Autobrake технологија која препознава автомобили, пешаци, велосипедисти како и поголеми животни. Достапен е и Pilot Assist, кој доаѓа со адаптивен темпомат и Lane keeping assist, овој систем работи до брзини од 130 км/ч.
Надворешниот дизајн е автентичен и го има новиот “design language” на Volvo. Oд напред изгледа идентично како и моделот V60, но задниот дел е комплетно различен. Конкретно моделот на фотографиите е во спортското R-Design ниво на опрема и добива поспортски браници, 19-инчни бандажи и уште некои други детали кои го комплетираат целиот изглед, а оваа Fusion Red металик боја му прилега фантастично!
Ентериерот е во класичен Volvo дизајн со многу квалитетни материјали. Стандардно добивате дигитална инструмент табла, 9-инчен infotainment дисплеј со поддршка за Apple CarPlay и Android Auto, Full LED предни и задни светла, двозонски автоматски клима уред, паркинг сензори и многу друго.
Понудата на мотори вклучува три турбо бензински мотори како и две хибридни изведби. Сите бензински мотори се 2.0-литарски, но со различна моќност. T4 има 190 коњски сили, T5 250 коњски сили и Т6 310 коњски сили. Кај хибридните модели, понудата започнува со T6 Twin Engine со 340 коњски сили, а појакиот T8 има 390 коњски сили. Доколку сакате уште помоќен модел, достапен е Volvo S60 Polestar Engineered кој има 405кс и забрзување од 0 до 100 км/ч за 4.4 секунди. Сите овие модели стандардно доаѓаат со 8-степен автоматски менувач. Најслабиот мотор е достапен само со погон на предните тркала, кај T6 како опција достапен е погон на сите тркала, додека сите други мотори стандардно доаѓаат со погон на сите тркала.
Моментално, Volvo S60 е достапен во врвните Inscription и R-Design нивоа на опременост, но наскоро ќе биде достапен и во пониското Momentum ниво.
Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите новиот продажен салон на Volvo во Скопје!

























