Златно Тркало 2021 – Победници!

Како што веќе знаете, Златно Тркало е нов Национален Избор за Најпосакуван Автомобил, во кој како организатори сме јас (CarsbyVik), Авто Плус, CarClub и Rpm.mk. Ова е втора година по ред каде што се одбираат Најпосакуваните Автомобили во Македонија. Во изминатите неколку седмици сите Ние ви ги презентиравме кандидатите преку тестови и постови на социјалните мрежи, а Вие гласавте за вашиот фаворит во сите четири категории.

Гласањето за овогодинешниот избор на Златно Тркало започна на 1ви Март и траеше до 14ти Март, а направени беа вкупно 15.340 гласања!- Па така, со гордост можеме да ви ги претставиме победниците!

Најпосакуван Градски Автомобил за 2021 е Peugeot 2008 со освоени над 35% од гласовите

Најпосакуван Семеен Автомобил за 2021 е Skoda Octavia со освоени 54.42% од гласовите

Најпосакуван Електрифициран Автомобил е Peugeot e-208 со освоени 45.93% од гласовите

Главна Награда – Најпосакуван Автомобил во Македонија за 2021 е Skoda Octavia со освоени 22.38% од гласовите во оваа категорија

Честитки до победниците! Оваа година имаше уште повеќе гласови од минатата и Ви се заблагодаруваме на сите Вас кои што го дадовте вашиот глас!