Новата врвна изведба на најголемиот SUV на Porsche, моделот Cayenne Turbo GT пристигна во Македонија!
Оваа верзија е достапна само во Coupe форма и ова е најмоќниот Cayenne досега произведен. Под хаубата се наоѓа 4.0-литарски V8 твин-турбо бензински мотор кој произведува 640 коњски сили и 850 Nm вртежен момент – зголемување од 90 коњски сили и 50 Nm во споредба со Turbo верзијата. Благодарение на надградениот мотор во комбинација со рекалибрираниот осум-степен автоматски менувач кои сега ги менува значително побрзо брзините, како и погонот на сите четири тркала му овозможуваат на Cayenne Turbo GT забрзување од 0 до 100 километри на час за импресивни 3.3 секунди и максимална брзина од 300 километри на час.
Сепак, новиот модел има многу повеќе промени отколку само во моторот. Користи комплетно нов титаниум спортски издув со двојни централно поставени излезни цевки, давајќи „посочен“ звук. Новиот материјал и изоставувањето на централниот придушувач помага да се заштеди тежина, како и поспортската шасија, го прави овој Turbo GT најагилниот Cayenne во гамата, според Porsche. Реконструираниот систем за адаптивната воздушна суспензија со три комори значи дека Turbo GT лежи до 17 милиметри пониско од обичниот Cayenne Coupe Turbo, додека калибрацијата на системот е изменета за да се подобри управувањето.
Суспензијата е исто така до 15% потврда во споредба со другите изведби на Cayenne, додека Porsche Adaptive Suspension Management (прилагодливите амортизери) имаат репрофилирани поставки. Тие се подесени заедно со електронскиот серво управувач и рекалибрираното управување на задната оска за да се овозможи многу подобро управување. Ова исто така важи и за Dynamic Chassis Control на Porsche, која е дотерана за уште поголема стабилност, додека технологијата Porsche Torque Vectoring сега е поагресивна за дополнително да ја зголеми тракцијата и агилноста.
Turbo GT располага со 22-инчни алуминиумски бандажи, кои се за еден инч поголеми од оние на Cayenne Turbo. Новите бандажи се обвиткани во Pirelli P Zero Corsa „Performance“ гуми, додека предната суспензија има нешто помалку од половина степен негативен камбер за да го подобри држењето. Керамички сопирачки доаѓаат во стандардната опрема. Надворешноста добива и нов редизајниран бодикит со кој голем дел од елементите се во вистински карбон, задниот спојлер кој е за 25 милиметри поголем помага да се генерира до 40 килограми поголема надолна сила при максимална брзина во споредба со обичниот Cayenne Coupe Turbo.
Измените во внатрешноста продолжуваат да го издвојуваат Turbo GT од останатиот дел од гамата со тоа што одредени делови се во алкантара, има електрично прилагодливи спортски „bucket“ седишта и пар „bucket“ седишта во задниот дел (сите тапацирани во специфична опрема за GT со натпис „Тurbo GT“ на потпирачите за глава). Иста така, оваа верзија доаѓа само со четири седишта, наместо пет. Поставен е и најновиот Porsche Communication Management 6.0 инфо-забавен систем кој поддржува Apple CarPlay, но отсега и Android Auto.






























