Во салонот на Ми-Да Гранд Моторс пристигна новиот Hyundai i10

Новата трета генерација на суперминито на Hyundai, моделот i10, пристигна на македонскиот пазар. Новиот модел за прв пат беше претставен минатата година и доаѓа со комплетно нов дизајн, многу нови технологии и нови мотори.

i10 го има новиот дизајнерски јазик на брендот кој е доста подинамичен и попривлечен од претходно. На предниот дел поставена е широка маска за ладилникот во која се имплементирани LED дневните светла кои имаат доста интересен дизајн. Страничниот дел е со чисти линии и токму од овој агол се гледаат компактните димензии на автомобил. Задниот дел е со едноставен дизајн кој веднаш дава до знаење дека се работи за модел на Hyundai.

Внатрешноста исто така добива нов помодерен дизајн. На централната конзола се наоѓа 8-инчен екран за инфозабавниот систем кој е опремен и со Apple CarPlay и Android Auto поврзување. На долниот дел се поставени физичките копчиња за контролите на клима уредот, додека пред возачот се наоѓа аналогна инструмент табла. Новиот i10 добива и многу нови технологии и системи за асистенција кој вклчуваат – систем за избегнување на судар, систем за одржување на возилото во лента, асистент за светла, систем за итно сопирање и многу друго.

Новиот i10 на нашиот пазар е достапен со два бензински мотори – 1.0-литарски трицилиндарски MPi со 67 коњски сили и 1.2 четирицилиндарски MPi со 84 коњски сили. Силата се пренесува на предните тркала преку 5-степен мануелен менувач, а како опција е достапен и автоматски менувач.

Достапни се четири нивоа на опременост – Comfort, Style, Premium и Impression. Почетната цена за Hyundai i10 во Comfort ниво на опременост и 1.0-литарски мотор изнесува 11.300 евра.

Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Hyundai.