Изминатиот викенд на паркингот на спортскиот центар Борис Трајковски по втор пат се одржа настанот Street Show, организиран од Avto Plus.
На овој настан, присутните имаа можност да се запознаат со голем број на автомобилски новитети на македонскиот пазар, како и со комерцијални возила, нови мотоцикли, четирицикли, електрични скутери и мотори, автомобилска галантерија и камп приколки. Исто така, имаше и неколку премиери на нови возила кои сега пристигнале на македонскиот пазар.
Погледнете ги фотографиите од атмосферата на овој настан.









































