Toyota претстави фејслифт верзија за моделот Hilux

Пикап моделот Toyota Hilux доби фејслифт верзија за 2020 година, а доаѓа со ревидиран стајлинг, нови технологии во кабината и нов помоќен дизел мотор.

Промените на надворешноста вклучуваат нов преден браник, нова предна решетка и минимално освежен заден дел. Во зависност од нивото на опременост, вклучени се и редизајнирани LED предни светла, нови LED задни светла , нови 18-инчни алуминиумски бандажи и додадена е нова Titan Bronze металик боја.

Во внатрешноста, ревидирана е аналогната инструмент табла со нов дигитален дисплеј во средина, како и подобрен 8-инчен дисплеј за infotainment системот. Apple CarPlay и Android Auto се вклучени во стандардната опрема заедно со навигациски систем. Новиот Hilux е достапен и со предни и задни паркинг сензори, keyless, автоматски двозонски клима уред, JBL аудио систем со 9 звучници и вкупна јачина од 800W, а достапни се и многу различни аксесоари за возилото.

Во понудата на мотори сега е вклучен и нов 2.8-литарски четирицилиндричен дизел мотор со 204 коњски сили и 500 Nm вртежен момент, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч е точно 10 секунди. Освен овој нов мотор, достапен е и веќе постоечкиот 2.4-литарски дизел со 150 коњски сили. Може да одберете помеѓу 6-степен мануелен менувач и 6-степен автоматски менувач, а новиот мотор доаѓа само со погон на сите четири тркала.

Исто така и шасијата доби неколку надградби, поставени се нови амортизери, подобрена задна оска и неколку други компоненти кои нудат помазно возење. Во мирување, двата мотори сега работат на 680 вртежи во минута наместо на 850 вртежи во минута како претходно, а тоа овозможува подобра контрола при “лазење“ на некои нерамни површини.

More Stories
BMW ја претстави фејслифт верзијата на серија 5