Специјалниот лимитиран Abarth 695 70° Anniversario пристигна во Македонија!

Abarth 695 70° Anniversario е специјална роденденска верзија која ќе биде произведена во само 1949 примероци!

Надворешноста добива значители промени во споредба со другите верзии на овој модел кој придонесуваат за уште поатрактивен и поспортски изглед. Бојата на 695 70° Anniversario се вика Monza 1958 која потсетува на првиот 500 Abarth и е комбинирана со сиви детали околу крилата, праговите, како и на предниот и задниот браник. Исто така, добива и 17-инчни алуминиумски бандажи во црна боја кој се обвиени во Michelin Pilot Sport 3 гуми. Најинтересната промена на овој модел е тоа што добива заден спојлер кој рачно се нагодува во дури 12 различни позиции и е специјално развиен за да се постигне максимална ефикасност и „downforce“. Аголот на спојлерот може да биде од 0 до 60 степени.

Внатрешноста е исклучително спортска, а стандардно се добиваат спортски Sabelt bucket седишта кој не само што изгледаат многу добро, туку и седењето е одлично. Управувачот е во комбинација на кожа и алкантара, а многу делови од кабината се со вистински карбон.

Под хаубата на 695 70° Anniversario се наоѓа добро познатиот 1.4-литарски турбо-бензинец кој во оваа верзија располага со 180 коњски сили и 250 Nm вртежен момент. Силата ја пренесува на предните тркала преку автоматски менувач кој овозможува забрзување од 0 до 100 километри на час за 6.7 секунди и максимална брзина од 225 километри на час. Оваа верзија стандардно е опремена и со Brembo кочници кои користат 305 милиметерски дискови на предните тркала и 240 милиметарски дискови на задните тркала. Благодарение на специјалниот Record Monza издувен систем, звукот на овој модел е понагласен и многу поинтересен од другите верзии.

Повеќе информации за автомобилот може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Fiat во Скопје каде што е и изложен овој автомобил.