Renault го претстави новиот Coupe-SUV модел – Megane Conquest

Ова е новиот Renault Megane Conquest – првиот Coupe-SUV модел на Францускиот бренд. Megane Conquest ја користи истата CMF-B платформа од сегашните Clio и Captur, а дели и неколку елементи на надворешнста со овие модели. Предниот дел ги има истите дневни светла во Ц форма и решетка за ладилникот како кај Clio, додека стаклените површини и висината на возилото се слични со Captur. Најголемата стилска промена на Megane Conquest е задниот дел кој е во купе стил, што е доста уникатен и несекојдневен изглед во овој сегмент. Поголемиот заден дел на Megane Conquest му овозможи капацитет во багажниот простор од 513 литри – што е за 122 литри повеќе од Clio. Renault додаде и неколку измени во практичноста, како што се рамно преклопливи задни седишта, камера за паркирање од 360 степени и големи отвори во предните врати за складирање на различни работи. Купувачите можат да изберат неколку различни козметички додатоци, како што е контрастен црн покрив, три дизајни на тркала во дијаметар од 17-инчи или 18-инчи и седум бои за каросеријата – вклучително и R.S. Line екслузивната Valencia Orange боја.

Внатрешноста на Megane Conquest ќе ја има и најновата инфозабавна технологија на Renault. Купувачите можат да спарат 4,2-инчна, 7-инчна или 10-инчна дигитална инструмент табла со 7-инчен или 9,3-инчен инфозабавен екран во портрет стил. Apple CarPlay и Android Auto се поддржани, како што се и over-the-air ажурирања и ажурирања за сообраќај во живо. На купувачите ќе им биде понуден адаптивен темпомат, систем за активно сопирање во итни случаи, помош за одржување на лента, систем за препознавање на сообраќајни знаци и Traffic Jam Companion – автономен режим на возење што може да ја контролира гаста, сопирачките и управувањето на автомобилот.

Достапни ќе бидат две погонски единици – основниот мотор е 1.3-литарски четирицилиндричен mild-hybrid турбо-бензинец со 140 коњски сили кој силата ја пренесува на предните тркала преку автоматски менувач со двојна спојка. Другата верзија е со целосен хибриден погонски систем, кој се состои од 1.6-литарски четирицилиндричен бензинец, два електромотори и литиум-јонска батерија, за максимална моќност од 160 коњски сили. Силата ќе ја пренесува преку иновативен „clutchless dogbox“ менувач кој се користи во F1, а од Renault велат дека е многу поефикасен и помазен од конвенционалниот автоматски менувач.

More Stories
Porsche Macan