C3 Aircross се здоби со понаметлив дизајн на SUV со голем волумен на силуетата кој се пренесува и во просторната внатрешност и доминантниот став на патот преку подигнато растојание од земјата, како и големите тркала. Неговата уникатност е нагласена со заштита на долниот дел на каросеријата и лакот на тркалата, заштита на подвозјето во предниот и заден дел, кровни носачи со полни и дарежливи форми. При претставувањето, дизајнот и можностите за персонализација на C3 Aircross изразуваат чувство на пријатност и свежина. Денес, новиот C3 Aircross ја достигна својата зрелост. Зачувувајќи ја својата оригиналност и посебност, неговиот разигран став еволуира и моделот се здоби со понаметлив, зрел карактер, сразмерен со очекувањата во овој сегмент.
Новиот Citroën C3 Aircross има понаметлив дизајн со целосно редизајниран преден лик со кој се нагласува карактерот и статусот на моделот особено преку новиот светлосен потпис. Хромираните шеврони се надградени и се протегаат кон LED светлата, во духот на новите C3 и C4, но со помускулест пристап. LED светлата овозможуваат уште поголема видливост и безбедност, со што даваат чувство на поголема заштита. C3 Aircross располага и со нова решетка со комплетно нова геометриска шара и нова сребрено-сивкрова заштитна плоча за подвозјето со додатоци во боја, што ја нагласува робустноста на моделот. Новиот преден лик со подобрена структура дава впечаток на повисоко поставен капак на моторот. Изглед со посовремено чуство, поизразен и робустен.
Програмата за персонализација кај новиот C3 Aircross е надополнета со цел да ги задоволи барањата на клиентите кои бараат уникатен SUV според своите замисли, кој ќе се истакнува и разликува. Надворешниот изглед, надополнет до 70 можни комбинации преку: – 7 бои на каросеријата, од кои 3 нови: Сива Khaki, Сина Voltaic и Бела Polar. 4 пакети на боја, вклучувајќи 2 нови бои кои го засилуваат текстурираниот ефект: Портокалова Anodised и Темно Сина Anodised. Пакетите на боја содржат оригинални и остро дизајнирани елементи во боја на рабовите од заштитата, на школките на ретровизорите и страничното фиксно стакло. На страничното фиксно стакло се наоѓа новиот страничен потпис каде карактеристичните ленти во боја се надополнети со нова графика во форма на коцка според избраниот пакет на бои, со ефект на хром-огледало во пакетите боја Црна Shiny и Темно Сина Anodised, ефект на бела коцка во пакетот боја Бела Polar и ефект на портокалова коцка во пакетот боја Портокалова Anodised. – Избор од 2 бои на покрив: бела или црна. C3 Aircross предлага нови фелни со пографички и подинамичен дизајн со 16 и 17-инчи, обете достапни со дијамантски сјај или целосно црни верзии, нудејќи им на клиентите избор на попрефинет или посмел изглед.
Новиот C3 Aircross им овозможува на патниците да се чувствуваат како во својот дом, со понатамошно нагласување на комфорот во возилото преку програмата Citroën Advanced Comfort. Како дополнување на карактеристичното потпирање кое овозможува водечки комфор во возењето со новите седишта Advanced Comfort, за прв пат претставени кај C4 и C5 Aircross. Достапни со амбиентот на внатрешност Urban Blue, Metropolitan Graphite и Hype Grey, седиштата Advanced Comfort го подобруваат комфорот во седењето преку четири аспекти: визуелен комфор, комфор за добредојде, комфор во држењето и динамичен комфор:
- Визуелниот комфор доаѓа преку форма на уникатно штепување и карактеристично шиење од Citroën што дава визуелно веднаш приметлив впечаток на меко и удобно потпирање.
- Комфор за добредојде, обезбеден од дополнителен сунѓер со дебелина од 15 mm, кој се чувствува веднаш при седнување, слично на душек.
- Комфор во држењето, се карактеризира со засилена поддршка која ја нудат големите и удобни седишта.
- Динамичен комфор, ги прави долгите патувања поудобни преку комбинација на сунѓер со голема густина во средишниот дел на седиштата и подебел, структуриран сунѓер.
Новиот C3 Aircross е опремен со корисни технологии за уште поголема смиреност и безбедност при управувањето. Располага со нов, уште поголем 9-инчен екран на допир за поголема едноставност при употреба, видливост и практичност. Новиот, високо квалитетен екран ги истакнува функциите Citroën Connect Nav како и Mirror Screen компатибилни со Android Auto и Apple CarPlay. Безжичен полнач за телефон, како и Citroën Connect Assist се исто така вклучени. Новиот C3 Aircross доаѓа со 12 интуитивни системи за помош при возењето кои го поедноставуваат секојдневието, а секое патување станува полесно и побезбедно. Безбедносните технологии вклучуваат head-up дисплеј во боја, за да се задржат корисни информации во видната линија на возачот, како и препознавање и препораки на знаците за брзина, Active Safety Brake и автоматската контрола на светла. C3 Aircross располага со опрема што го поедноставува секојдневието, како што се пристап и стартување на возилото hands free, Park Assist и Top Rear Vision камера за движење наназад, што го прикажува опкружувањето околу возилото на екранот на допир. На крај, за да се нагласи во целост природата на SUV возило и можноста за избор на режим според карактеристиките на подлогата, новиот C3 Aircross е опремен со Grip Control ® и Hill Assist Descent, систем кој им овозможува на возачите да ја совладаат секоја ситуација која ќе им се наметне, без оглед на надворешните услови. Системот овозможува прилагодување на влечната сила на тркалата напред на возилото во зависност од подлогата по која се движи, како и одржување на брзината при спуштање од ридови, стрмни површини.
Достапни се 3 нивоа на опременост и низа дополнителна опрема, со цел да се излезе во пресрет на сите потреби поединечно: FEEL – основно ниво на опременост, FEEL PACK – срцето на палетата и SHINE – лесно воочлив на врвот од палетата.
Новиот C3 Aircross SUV е достапен со палета ефикасни мотори со високи перформанси – бензински мотори PureTech, како и дизел мотори BlueHDi: PureTech 110 коњски сили со 6-степен мануелен менувач, PureTech 130 коњски сили со автоматскиот менувач ЕАТ6, BlueHDi 100 коњски сили со 6-степен менувач и BlueHDi 120 коњски сили со автоматски менувач EAT6.
Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Citroen.
























