Во салонот на Porsche Македонија пристигна најновата четврта генерација на популарниот A3 во Sedan изведба.
A3 Sedan е базиран на хечбек изведбата и ја користи новата MEB платформа на Volkswagen групацијата. Новиот A3 Sedan е достапен со најновата технологија на mild-hybrid погони, а најновите системи за асистенција за возачот, поврзување и инфозабава кои беа претставени кај новиот A3 Sportback, се присутни и во оваа Sedan изведба.
Предниот дел на A3 Sedan е идентичен како и кај A3 Sportback, вниманието го привлекува новата решетка со октагонален дизајн, како и новите LED светла кои се достапни со Matrix LED технологија. Автомобилот ги задржува карактеристичните линии од хечбекот, но страничната линија е малку различна за да го потенцира подолгото тело. Задниот дел, исто така има малку различен дизајн, додека задните LED светла остануваат исти како и кај хечбек изведбата. Новиот A3 Sedan е многу поарединамичен од својот претходник, како и од хечбек изведбата. Голема улога тука има и електричното прилагодување на предната решетка која по потреба се отвора или затвора. Должината на автомобилот во споредба со хечбекот е поголема за 40мм, додека маргинално е поширок за 20мм и повисок за 10мм. Меѓуоскиното растојание останува непроменето, а Audi тврди дека просторот на задните седишта е ист како и во хечбек изведбата. Големината на багажникот е секако поголема и на располагање имате 425 литри, додека A3 хечбек располага со 380 литри.
Кога станува збор за ентериерот, нема никакви промени од тој што ќе го најдете во А3 Sportback. На централната конзола е поставен 10,1-инчен екран на допир, а пред возачот се наоѓа виртуелниот кокпит на Audi кој стандардно има 10,25-инчен дисплеј, но како опција достапен е поголем 12,3-инчен дисплеј. Централниот екран ги вклучува сите нови опции претставени кај A3 Sportback, вклучувајќи ја и опцијата која што им овозможува на корисниците природно да пишуваат упатства и насоки директно на екранот со прст. Audi тврди дека овој нов систем е десет пати помоќен од неговиот претходник, овозможувајќи им на корисниците да гледаат податоци за сообраќајот во реално време, да го видат работното време на ресторани, бензински станици и слично. До шест возачи можат да си го зачуваат својот профил во автомобилот, зачувување на уникатни поставки за положбата на седење (ако возилото е опремено со електрични седишта), контрола на климатизацијата и радио станица.
Во моментов достапни се два мотори – 1.5-литарски TFSI турбо-бензински кој испорачува 150 коњски сили и е достапен со 6-степен мануелен менувач, како и со 7-степен S-Tronic автоматски менувач. Верзијата опремена со автоматски менувач има 48-волтна mild-hybrid технологија, поддржувајќи го моторот со дополнителни 50Nm вртежен момент за да се намали оптоварувањето на моторот, како и CO2 емисиите. Втората опција е 2.0-литарски TDI дизел мотор кој испорачува 150 коњски сили и стандардно е опремен со 7-степен S-Tronic автоматски менувач.
Конкретниот модел од фотографиите е во Advanced ниво на опременост и под хаубата го има 1.5-литарскиот TFSI мотор спарен со 6-степен мануелен менувач.
Повеќе информации може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Audi каде што ќе може и да го видите новиот A3 Sedan.