Од претставувањето во 2017 година, SEAT Arona беше успешен модел, произведувајќи близу 400.000 возила и е поставен како клучен столб во понудата на брендот. Сега, новата SEAT Arona е подготвена да го продолжи успехот на овој модел во време кога пазарот на SUV возила уште повеќе се шири.
Посилниот, поцврстиот, сигурниот и побезбедниот став и изглед е само почеток; кабината на урбаниот SUV е комплетно трансформирана додека новите нивоа на поврзување и системи за помош на возачот ја прават новата SEAT Arona уште покомплетен пакет.
Во сè повеќе дигитализиран свет, SEAT Arona е подготвена да ги внесе поврзаните животи на клиентите во кабината, на целосно интуитивен начин, додавајќи огромен опсег на функционалност, а во комбинација со револуцијата во дизајнот на внатрешноста, внесува зголемено чувство за квалитет, како и просторност благодарение на новиот, ревидиран дизајнерски јазик.
Надворешниот дизајн на SEAT Arona еволуира за да го подобри карактерот и да додаде нов пресврт во личноста на урбаниот SUV: обновената естетика додава нова робусност, поголема перцепција за безбедност и надворешен карактер. Интегрирање на 100% LED технологија на предните светла како стандард, нуди подобра видливост со помала потрошувачка на енергија.
Новата SEAT Arona добива посилен изглед; освежен лик со новодизајниран преден браник вклучувајќи нови светла за магла – нагласувајќи го моќниот изглед, нов заден спојлер и дифузер го истакнуваат спортското чувство, додека изборот на нови дизајни на алуминиумски тркала и името на моделот со рачно испишан фонт на задниот дел заедно со новото лого на SEAT во двобојна хромирана завршница го заокружуваат освежениот изглед.
Во внатрешноста, дизајнерската револуција генерира ново чувство во кабината. Целосно нова мека контролна табла со поголем (за 20%), лебдечки централен инфозабавен систем – сега сместен во покачена положба за подобрување на ергономијата – како и новиот, ергономски мултифункционален волан во Nappa го истакнуваат новиот дизајнерски јазик во внатрешноста со што се заживува кабината додавајќи нов слој на нејзиниот карактер. Тој карактер е дополнително зајакнат со употреба на технологија за осветлување на новодизајнираните отвори за климатизирање.
SEAT Arona е целосно вмрежана со in-car и out-car конективност: вклучува систем за безжична, целосна врска што ги внесува Android Auto и CarPlay во кабината; поврзувањето надвор од автомобилот е подобрено со SEAT CONNECT. Корисниците можат да комуницираат со новиот инфозабавен систем од 9,2 инчи користејќи природен говор преку искажување на фразата „Hola Hola“.
Новите системи за помош на возачот, како што е Travel Assist, обезбедуваат полуавтоматско возење низ целиот опсег на брзината. Lane Assist системот, заедно со Side Assist, Traffic Sign Recognition и системот за регулирање на светата High Beam Assist, новата Arona e опременa со најновите технологии во поглед на безбедносните системи. Без да се изостави Park Assist системот, кој автоматски го паркира автомобилот без напор.
Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на SEAT.



















