Претставена новата трета генерација на Ford Kuga!

Ова е целосно новата трета генерација на Ford Kuga-најпродаваниот SUV модел на брендот, а воедно и првиот модел на Ford кој ќе биде достапен со три хибридни изведби!
Поставена е на комплетно новата C2 платформа која што не само што ја зголемува практичноста туку и му овозможи на Ford да ги постави сите нови хибридни погони.
Во споредба со претходната генерација, новата Kuga е за 89мм подолга, 44мм поширока и меѓуоскиното растојание е зголемено за 20мм, а според Ford ќе ја има најпросторната задна клупа.Исто така и вкупната тежина на возилото е намалена за цели 90 килограми.
Промените на големината и даваат целосно нов изглед на Kuga кој сега е помускулест и подинамичен.
Достапна ќе биде во три нивоа на опременост: Titanium, ST-Line и Vignale.

Ентериерот е многу сличен како во новиот Focus и изгледа одлично!
Новата Kuga е првиот SUV на Ford кој ќе биде достапен со дигитална инструмент табла со 12.3 инчен дисплеј.Го добива и новиот SYNC 3 Infotainment систем кој има 8 инчен дисплеј и како стандард добивате поддршка за Apple CarPlay и Android Auto.

Најважните новости и промени се моторите! Новата Kuga ќе биде достапна во три хибридни изведби и сите од нив добиваат active noise cancellation-првата опција е Mild-Hybrid кој користи 2.0 EcoBlue турбо-дизел мотор кој има 150 коњски сили со 48-волтен електричен систем, литиум-јонска батерија и Belt-Driven Integrated Starter/Generator (BISG) систем кој е во замена на стандардниот алтернатор.Од овој мотор се очекува потрошувачка од 5 литри на 100 изминати километри. Втората опција е Kuga Hybrid која користи 2.5 атмосферски бензински мотор заедно со електромотор и мала литиум-јонска батерија.Ќе може да одберете помеѓу преден погон или Ford Intelligent All-Wheel Drive.Потрошувачката на овој мотор би требало да биде негде околу 5.6 литри на 100 изминати километри, а оваа верзија на Kuga ќе биде достапна дури од 2020 година. Третата опција е Kuga Plug-In Hybrid која користи 2.5 атмосферски бензински мотор и електромотор, но добива поголема литиум-јонска батерија од 14.4kWh и ќе има 225 коњски сили.На електрична енергија ќе може да поминете околу 50 километри, а просечната потрошувачка би требало да биде околу 1.3 литри на 100 изминати километри.

Освен овие хибридни изведби, во понудата ќе бидат и добро познатите турбо-бензинци и турбо-дизели.Кај бензинците достапен е 1.5 EcoBoost со 120 или 150 коњски сили, а кај дизел моторите достапни се 1.5 EcoBlue со 120 коњски сили и 2.0 EcoBlue со 180 коњски сили.Стандардно доаѓаат со мануелен менувач, а како опција достапен е 8-степен автоматски менувач.

Продажбата на новата Ford Kuga се очекува да започне на почетокот на 2020 година.