Ова е целосно новиот Mercedes-Benz GLS, предводникот на германскиот производител. Главните конкуренти му се новиот BMW X7 и Range Rover, а продажбата на третата генерација на GLS треба да започне ова лето.
Сега е подолг и поширок од претходната генерација и новиот GLS е еден од најголемите автомобили кој се на продажба-долг е над 5.200мм и широк 2.000mm.Меѓуоскиното растојание е зголемено за 60mm и сега е 3.135mm, што резултира со значително зголемен простор за патниците напред и назад.
GLS доаѓа стандард со седум седишта, но за прв пат Mercedes ќе им понуди на европските купувачи можност за конфигурација со шест седишта, со што средната клупа ќе се замени со две индивидуални седишта со потпирачи за раце. Сите седишта се подесуваат електрично, а секој ред има контроли за климата како и USB порти. Дизајнот на ентериерот е превземен од новиот GLЕ, а пред вас се поставени два огромни 12,3-инчни дисплеи преку кој имате целосен пристап до сите централни контроли на автомобилот, како што се навигација, медиа и поврзување на вашиот паметен телефон. Додаден е и новиот MBUX infotainment систем кој користи вештачка интелигенција за да го научи однесувањето на патниците. На пример, ако возачот прави редовни повици до одредено лице во одредено време, MBUX системот ќе го понуди контактот како предлог на екранот, Кул зар не?
Достапни се три шест-цилиндрични и еден V8 мотор, но во Европа се очекува да бидат понудени само шест-цилиндрични дизел мотори.GLS 350 d 4MATIC користи 3.0-литарски 6-цилиндричен мотор со 286 коњски сили и 600 Nm вртежен момент.GLS 400 d 4MATIC има 330 коњски сили и го користи истиот 3.0-литарски мотор, а вртежниот момент е зголемен на 700Nm. Од Mercedes кажуваат дека удобноста е доста подобрена благодарение на новиот сетап за суспензијата наречен E-Active Body Control.Во кривини активната суспензија помага возилото да нема многу навалување и да остане рамно.Исто така има off-road технологија, како low-range брзини и автоматска контрола на вртежниот момент помеѓу оските.Mercedes вели дека автомобилот е толку добар off-road што е вклучен и “CarWash” мод кој го крева автомобилот до највисокото ниво на возење, го затвора покривот и ги исклучува бришачите кога е избрано.Сето ова ви овозможува полесно да го измиете целото возило од сета кал без да го пропуштите долниот дел.

















