Ford Focus Estate ST

Новиот Focus Estate ST има слични перформанси како и хечбек изведбата, само што тука имате доста поголем багажен простор од 608 литри.Надворешниот дизајн од напред е ист како хечбекот и ја добива honeycomb решетката, а назад има малку различен браник, поголем заден спојлер и две големи издувни цевки.

Како и хечбекот Focus ST, и овој модел е за 10мм понизок од другите изведби на Focus.Суспензијата напред е за 20% поцврста, а назад е за 13%.Добива и подобрен и попрецизен управувач, Michelin Pilot Sport 4S гуми, limited-slip диференцијал и уште некои измени на шасијата.

Може да одберете помеѓу еден турбо-бензински и еден турбо-дизел мотор.2.3-литарскиот турбо-бензинец има 280 коњски сили и 420Nm вртежен момент- Забрзувањето од 0-100 км/ч трае 5,8 секунди.
Новиот 2.0-литарски мотор е најмоќниот дизел мотор кој некогаш бил ставен во Focus-има 190 коњски сили и 360Nm вртежен момент, а забрзувањето до 100 км/ч трае 7.7 секунди.Бензинецот е достапен со 6-степен мануелен менувач и 7-степен автоматски менувач, додека дизелот е достапен само со мануелен менувач.

ГАЛЕРИЈА

Виктор Чемерикиќ

Виктор Чемерикиќ

Љубител на автомобили уште од 1997, основач на вебсајтот ”CarsByVik” и професионален автомобилски фотограф.

Остави коментар