Претставен фејслифт моделот на BMW X1

BMW ја претстави фејслифт верзијата на нивниот entry-level SUV, моделот X1.Промените вклучуваат малку освежен надворешен изглед, нови технологии и за прв пат добива plug-in hybrid погон.
Од BMW кажуваат дека не сакале да направат драстична промена на надворешниот дизајн туку едно мало освежување за да X1 биде уште попривлечен.Промените вклучуваат- поголеми бубрези(предна решетка), нов преден браник и редизајнирани LED светла, исто така малку е променет и задниот браник и задните LED светла се комплетно нови. Покрај тоа, BMW додаде нови LED осветлувачки светла на ретровизорите на вратите со што се проектира “X1” слика доле на земја.Три нови надворешни бои и четири нови дизајни на бандажи ги комплетираат надворешните промени.

Внатре, сега се достапни повеќе нови тримови, како и најновата ConnectedDrive технологија на BMW.Има три нови опции за материјали и бои на седиштата и сега има вкупно 13 комбинации на бои и материјали.M Sport моделите добиваат Micro Hexagon ткаенина со специјални М детали.Стандардно добивате 8.8-инчен infotainment дисплеј, а како опција достапен е 10.25-инчниот дисплеј.

Најважната вест е додавањето на plug-in хибрид верзијата- X1 xDrive 25e, овој модел користи twinpower турбо мотор со 125 коњски сили и електромотор кој има уште плус 95 коњски сили.Овој погон ќе му овозможи на електрифицираниот X1 да помине до 50 километри само на електрична енергија.Сите други мотори, од основниот 18i бензинец до моќниот 20d дизел, сега се подновени за да ги задоволат новите EU6d-temp стандарди за емисии.