Porsche Cayenne GTS

Кажете му здраво на новиот Porsche Cayenne GTS! Овој модел на Cayenne е поспортски ориентирана верзија на најголемиот SUV во гамата на Porsche. Достапен е во две верзии – стандардна и купе изведба, а како и претходно, GTS моделот ја надополнува празнината помеѓу Cayenne S и Cayenne Turbo.

Визуелно, сите GTS модели се наградени со Sport Design пакетот кој вклучува детали на надворешноста во gloss-black боја, 21-инчни бандажи во истата gloss-black боја и затемнети LED фарови и штопови. Доколку купувачот се одлучи да го дополни овој автомобил со опционалниот спортски издув, тогаш на задниот браник се добиваат два централно монтирани издуви – нешто кое што засега е специфично за овој GTS модел.

Внатрешноста е прекриена со алкантара и тоа – кровот, седиштата, наслонот за рака и вратите – Одлично!

Најголемата промена во споредба со претходникот е всушност погонот. Додека претходната верзија на Cayenne GTS беше придвижувана од 3.6-литарски твин-турбо V6 мотор, оваа нова и подобрена верзија под хаубата го крие 4.0-литарскиот твин-турбо V8 мотор со 460 коњски сили и 620 Nm вртежен момент. Со овие бројки од Porsche тврдат дека со опционалниот (по мене задолжителен пакет) Sport Chrono pack, Cayenne GTS се придвижува од 0-100 километри на час за 4.5 секунди и не престанува да забрзува се до 280 километри на час. Сета оваа моќ се пренесува до сите четири тркала преку 8-степен Tiptronic S автоматски менувач.
За разлика од основниот модел, Cayenne GTS е за 20mm понизок и адаптивната суспензија е дел од стандардната опрема. Како големо подобрување е и стандардно поставениот ситем на Porsche – Torque Vectoring Plus кој автоматски ги вклучува сопирачките при вртење со што се подобрува управливоста. Како дополнителни опции за овој модел вреди да се напоменат – карбон керамички сопирачки, адаптивна воздушна супензија, rear-axle steering и Dynamic Chassis Control кои допринесуваат за подобро контролирање на големата маса на овој SUV.

ГАЛЕРИЈА

Виктор Чемерикиќ

Виктор Чемерикиќ

Љубител на автомобили уште од 1997, основач на вебсајтот ”CarsByVik” и професионален автомобилски фотограф.

Остави коментар