Peugeot подготви промотивна кампања за новиот Peugeot Partner

По повод 210 годишнината на Peugeot, во понуда е нова комуникација, која ја претставува комерцијалната гама на Брендот. “2.1.0 Let’s go! На твоја страна. Секогаш со тебе!” е слоганот кој се користи за оваа кампања, со цел поврзување на приказната за јубилејот на Peugeot, како и потврда за верноста и исполнителноста на моделите кон своите клиенти низ годините.

Како еден од најстарите автомобилски Брендови, Peugeot од секогаш се стремел кон задоволување на потребите на индивудуалецот. Секој бизнис има свои потреби. Со цел да се задоволат специфичните потреби на клиентите – од корисник на возилото, до менаџери на возен парк – комерцијалната гама на Peugeot нуди различни верзии од моделите Partner, Expert и Boxer, прилагодливи на барањата на клиентот. Секој трговец, менаџер или вработен во големо или мало претпријатие кој има потреба од комерцијално возило, креирано согласно своите барања и потреби, може да се обрати во Еуроимпекс, или кон овластената дилерска мрежа низ земјава, кои ќе креираат понуда која најдобро одговара на вашите барања.

Информативната пресметка која е формирана во моментов се заснова на конкретен пример за Comfort ниво на опременост и 1.5 BlueHDi мотор со 75КС, што значи дека при пресметка за Partner со други карактеристики, вредноста на месечната рата нема да се совпаѓа со наведената, е следната:

Peugeot Partner 1.5 BlueHDi / 75КС – Comfort ниво на опременост
Цена:11.822€ или 730.600 мкд (вредноста не е со вклучен ДДВ)

  • Учеството изнесува 3.100€ или 191.580 ден.
  • Годишната фиксна каматна стапка за финансирање во ЕУР е 5,5%, каматна стапка за правни лица.
  • Плаќањето се врши на 84 рати
  • Месечната рата која не вклучува ДДВ изнесува 136€ или 8.405 ден.

*Вредностите во пресметката се однесуваат преку Шпаркасе лизинг, искажани се со валута ЕУР, но ќе се пресметуваат во денарска противвредност.

Комерцијалните возила Partner, Expert и Boxer се возила за сечии потреби, создадени од професионалци за професионалци.

За повеќе информации посетете ги продажни салони во Еуроимпекс и дилерската мрежа или контактирајте ги преку следниов линк: https://peugeot.mk/tovarna-gama

More Stories
Специјална едиција на Abarth 595 за 70-годишнината на брендот