Новиот PEUGEOT 308 e подготвен да освои повисоко место во својата класа. Тој ја менува формата на каросеријата, има проширеното меѓуоскино растојание од 55 mm што ја продолжува силуетата и овозможува повеќе простор за задните патници. Намалувањето на висината од 20 mm визуелно го издолжува предниот дел на возилото. Новиот PEUGEOT 308 ја оствари својата цел за аеродинамична ефикасност, ова е особено видливо во изразените контури на крилата. На страните, едноставното и впечатливо крило го покажува својот моќен карактер со двeте остри квадратни форми надвиснати над предните и задните тркала. Дизајнот на страничниот медалјон се потпира на историјата на идентитетот на брендот (PEUGEOT 205, 208, 308 …), но истовремено ја истакнува виталноста на силуетата. Задниот дел, со стратешки аеродинамички перформанси е дизајниран врз основа на оптималните точки за силуета на лимузина. Според тоа, карактеристичните стилски линии се засновани на оваа оптимална аеродинамичка изведба, како и линијата која изчезнува во горниот дел од покривот, за која беше потребен долг спојлер што е карактеристичен за стилот на новиот PEUGEOT 308. Новиот PEUGEOT 308 е цврсто вкоренет во DNK НА PEUGEOT, сензуален и остар, тој е дел од полуксузен и подинамичен свет на префинетост.
Новиот PEUGEOT 308 гордо го носи новото лого на брендот и предната решетка целосно е посветена на него. Дизајн и технолошка еволуција, радарот за помош при возење „исчезнува“ зад логото правејќи го логото „централно парче“ на решетката. За поголема динамичност и префинет изглед, регистарската таблица е репозиционирана во долниот дел од предницата. Предните светла користат LED технологија од првото ниво на опременост. Овој светлосен потпис е совршено во согласност со сегашниот стил на PEUGEOT, препознатлив на прв поглед и дење и ноќе. Во нивоа на опременост GT / GT Pack, Full LED предните светла се уште потенки и имаат Matrix LED технологија, за поголема ефикасност и безбедност при секојдневна употреба. Задните светла користат Full LED технологија, прикажувајќи го модерниот светлосен потпис во форма на 3 лавовски канџи – специфичен за брендот Peugeot.
PEUGEOT i-Cockpit® е дел од DNK на брендот. Со секоја генерација се подобрува и модернизира. Со овој нов PEUGEOT 308, тој означува јасна промена во однос на ергономијата, квалитетот, дизајнот и технологијата со својот нов систем на инфо-забава, PEUGEOT i-Connect®. Новиот компактен управувач вклучува сензори кои можат да ја детектираат поставеноста на дланките на возачот на управувачот кога се користат новите помагала за возење. Инструмент таблата, која се наоѓа на ниво на очите, има 10 инчен дигитален панел од нивото Active. Во GT, таблата е во 3 димензии. Целосно конфигурирана и прилагодлива, оваа дигитална инструмент табла има неколку режими на прикажување (поврзана со TomTom навигација, радио / медија, помош при возење, проток на енергија и тн.) кои можат да се менуваат директно од палката.
Почнувајќи од нивото на Allure, новиот PEUGEOT 308 вклучува целосно конфигурирани виртуелни i-toggles кои го заменуваат физичкиот преден панел за клима-уред. Поставени спроти централниот екран, како отворена книга, тие обезбедуваат уникатен изглед и високо ниво на технологија во сегментот. Секоj i-toggle е копче на допир за брз пристап до функциите како клима-уред, телефонски контакт, радио станици, лансирање апликација … прилагодени според изборот на корисникот. Дизајнот на централната конзола го одразува дизајнот за заштеда на простор на новата единица за климатизација. Неговиот дизајн, заедно ги става сите динамични контроли на дофат на возачот: нова компактна контрола за избор на степени на пренос (Reverse, Neutral, Drive) и 2 копчиња (паркинг и мануелно) на 8-степен автоматски менувач, избирач на стил на возење, за да изберете различни режими (Electric, Hybrid, Eco, Normal and Sport) во зависност од моторот.
Во внатрешноста на новиот 308, најновата генерација на ситеми за помош при возење ја комплетираат гамата на технологии на највисоко ниво како што се очекува од брендот: Понатамошен чекор кон полуавтономно возење со пакетот Drive Assist 2.0 (достапен кон крајот на годината), кој вклучува адаптивен темпомат со Stop and Go функција (автоматски менувач EAT8) и помош за одржување лента, има и 3 нови функции: Полуавтономна промена на лентата, предлага да возачот го престигне возилото однапред, а потоа предлага да се движи назад, од 70 km/h на 180 km/h, предвидена препорака за брзина, системот му предлага на возачот да ја прилагоди својата брзина (забрзување или забавување) според знаците за ограничување на брзината и адаптација на брзината на свиок, ја оптимизира брзината според лакот на свиокот, до 180 кm / h. Новиот PEUGEOT 308 е изграден на мулти-енергетската платформа EMP2 (Ефикасна модуларна платформа), што овозможува да се распореди целосна понуда на електрифицирани верзии на оваа силуета. Две хибридни верзии на полнење се достапни од самото лансирање. Платформата е составена од нови структурни елементи за уште поголема ефикасност, безбедност, задоволство при возење и удобност.
Што се однесува до моторите новиот PEUGEOT 308 ќе биде понуден во две хибридни изведби – HYBRID 225 e-EAT8 / погон на 2 тркала / комбинација на PureTech мотор со 180 КС (132 kW) и електричен мотор со 81 kW со e-EAT8 менувач / 59 km на 100% електричен опсег (според протоколот WLTP), втората верзија е HYBRID 180 e-EAT8 / погон на 2 тркала / комбинација на PureTech мотор со 150 КС (110kW) и електричен мотор од 81 kW со e-EAT8 менувач / 60 km на 100% електричен опсег (според протоколот WLTP).
Во понудата се наоѓаат и конвенционалните мотори со внатрешно согорување –
Бензиски, 3-цилиндрични мотори со 1.2-литри зафатнина: PureTech 110КС, PureTech 130КС и PureTech 130КС EAT8.
Дизел, 4-цилиндрични мотори со 1.5-литри зафатнина: BlueHdi 130КС BVM6 и BlueHdi 130КС EAT8.
PEUGEOT ја потврдува својата личност и карактер со своето ново лого, новиот PEUGEOT 308 е првото возило во гамата што гордо го претставува новото лого и воедно Новиот идентитет на Брендот. Безвременски, комбинирајќи го француското знаење и обичаи, брендот врти нова страница во својата историја составена од сегашното искуство и тековните трендови и глобалното искуство на квалитет. Целта е да се понуди на своите сегашни и идни клиенти бренд што ги исполнува нивните барања.
Новиот PEUGEOT 308 ќе се пласира во Европа во втората половина на 2021 година и ќе се произведува во Франција во фабриката во Мулхаус.



















