Peugeot 308

„Кога сте зад управувачот на Peugeot 308, допирот со патот претставува задоволство како никогаш порано. Дозволете смелиот и елегантен дизајн да го зајакне Вашиот карактер“ – Ова е пораката со која Еуроимпекс ги повикува потенцијалните клиенти да искусат едно незаборавно возење со Peugeot 308.

Истакнатите линии на каросеријата и робустниот дизајн се препознатлив белег на брендот Peugeot. Па така и Peugeot 308 не е исклучок. И надворешно и внатрешно, посветено e внимание на секој детаљ. Одликувајќи се со префинет профил на предниот браник, хаубата и решетката на ладилникот која е дизајнирана така да го инкорпорира исконското лого на Peugeot брендот – Peugeot 308 веднаш привлекува сечие внимание.

Како модел кој е веќе докажан на пазарот и посакуван од купувачите, овој пат е во понуда со PEUGEOT i- Cockpit ® , STYLE ниво на опременост и 1.2 L Pure Tech мотор со 110КС за 15.990€ (или 988.812 мкд).

Тест возења се достапни за закажување на телефон или директно од веб страницата на Брендот https://peugeot.mk/vozila/test-vozenje секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот, и сабота од 10:00 до 14:00 часот.

За повеќе информации посетете ги во продажните салони во Еуроимпекс или обратете се до нивната овластена дилерска мрежа.

ГАЛЕРИЈА

Виктор Чемерикиќ

Виктор Чемерикиќ

Љубител на автомобили уште од 1997, основач на вебсајтот ”CarsByVik” и професионален автомобилски фотограф.

Остави коментар