Ова се победниците на овогодинешниот избор на Златно Тркало 2023

Дојде крајот на уште еден циклус за Избор на Најпосакуван Автомобил во Македонија – Златно Тркало! Ова се победниците по категории, кои ги избравте сите Вие, нашите читатели кои го дадовте вашиот глас.

Оваа година имаше вкупно 9 финалисти поделени во три различни категории, односно најпосакуван семеен автомобил, најпосакуван премиум автомобил и главна награда – најпосакуван автомобил во Македонија за 2023 година. Направени беа вкупно 12.875 гласови, а победниците по категории се следните:

Најпосакуван Семеен Автомобил за 2023 е новата Toyota Corolla Cross – со освоени 30.49% од гласовите!

Најпосакуван Премиум Автомобил за 2023 е Alfa Romeo Tonale со освоени 35.64%  од гласовите!

Главната награда – Најпосакуван Автомобил за 2023 ја освои новиот Peugeot 408!

Честитки до победниците и огромна благодарност до сите фанови и читатели кои го дадоа својот глас, а со тоа одлучија кои се Најпосакуваните Автомобили во Македонија за 2023 година!