Ова е новото Seat Tarraco FR PHEV

SEAT завзема се поголем замав кон производство на хибридни возила. Големиот SUV на SEAT добива нов, хибриден погон со 245 коњски сили и подновен FR пакет.

Новата комбинација на SEAT Таrraco со новиот погон и спортски пакет се очекува да се појави на пазарот во 2020 година, но купувачите ќе имаат можност да ги нарачаат и одделно.

Tarraco е дел од “electrification” стратегијата на SEAT, која најавува 6 нови PHEV модели пред 2021. Во овој автомобил се “спарени” 1.4 литарски четирицилиндричен турбо бензиски мотор со 150 коњски сили и електричен мотор од 115 коњски сили придвижуван од 13kWh lithium-ion батерија. 

Со вкупна сила од 245 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, SEAT Tarraco од 0-100 километри на час забрзува за 7.4 секунди и ќе продолжи да забрзува се до 217 километри на час. Само со електрична сила овој автомобил може да помине повеќе од 45 километри.

Новиот FR пакет го почасти овој автомобил со изразени визуелни измени. Купувачите ќе уживаат во поизразените крила, поголем спојлер, уникатна предна решетка и нова LED лента која ги спојува двете задни светла. Како стандардна опрема овој автомобил доаѓа со 19 инчни бандажи, но по желба ќе може да се нарачаат и 20 инчни бандажи за посмелите возачи.

Во внатрешноста Tarraco FR добива 9.2 инчен infotainment систем, спортски волан со FR лого, сет алуминиумски педали и спортски седишта со вештачка кожа. Како дополнителна опрема купувачите ќе можат да додадат trailer assist и новиот систем на SEAT – “Parking Heater” кој го загрева моторот и внатрешноста на овој автомобил побрзо, во ладни услови.