Електрифицираната иднина полека доаѓа и за производителите на спортски автомобили, но најновата понуда на Lamborghini е смирувачки „old-school“ – новиот Huracan Tecnica е дизајниран да понуда забава зад воланот и совршенство и на пат и на тркачка патека. За да го исполни тоа ветување, Huracan Tecnica добива многу технологија и елементи од врвниот Huracan STO.
Базиран е на основата на Huracan Evo RWD со заден погон и Huracan Tecnica е придвижуван од 5,2-литарскиот атмосферски V10 мотор на Huracan STO, кој произведува 640 коњски сили при 8.000 вртежи во минута и вртежен момент од 565 Nm. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 3.2 секунди додека максималната брзина на автомобилот е 325 км/ч.
Клучот за рамнотежата на Huracan Tecnica помеѓу употребливоста на пат и перформансите на патеката е рекалибрираното поставување Lamborghini Dinamica Veicolo Integrata (LDVI) со посебен режим на возење. Како и другите модели на Huracan, постојат три режими за избор – Strada, Sport и Corsa. Сепак, секој режим е повторно специјално подесен за Tecnica за да работи заедно со шасијата и аеродинамичните ажурирања на новиот модел.
Huracan Tecnica има фиксен заден спојлер кој придонесува за подобрување на задната сила за 35 проценти во споредба со Huracan Evo RWD, додека новиот дизајн исто така помогна да се намали отпорот за 20 проценти. Lamborghini вели дека ова ја подобрува аеродинамичната рамнотежа и стабилност во свиоци и при сопирање. Системот LDVI управува со управувањето на автомобилот на задните тркала и векторирањето на вртежниот момент, како и модифицираниот Performance систем за контрола на тракција (P-TCS) и различните режими на амортизерите кои се специфични за Tecnica.
Заедно со одговорот на педалата за гас и профилот на 7-степениот автоматски менувач со двојна спојка, во режимот Strada овие параметри се подесени за удобно секојдневно возење, тврдат од Lamborghini.
Кога е избран Sport режимот, максималната забава при возењето доаѓа од подобреното управување на задните тркала и подобрената тракција од P-TCS, додека векторирањето на вртежниот момент ја обезбедува агилноста и одзивноста на Tecnica. Одговорите на моторот и менувачот се исто така заострени.
Corsa режимот уште повеќе ги зголемува работите, со најостриот одговор на гасот и најбрзите времиња на менување брзини, додека системите за векторирање на вртежниот момент и P-TCS стануваат поагресивни и помалку рестриктивни.
Предниот браник на автомобилот е инспириран од моделот Terzo Millenio на марката, интегрирајќи ги „сечилата“ на Huracan Evo на крајните делови од долниот браник со елемент во форма на буквата Y до секое предно светло, ова придонесува „воздушна завеса“ за прв пат на кој било модел на Huracan. Има и нов преден сплитер, додека заштитниот знак на италијанската марка се одликува со шестоаголниот мотив, со две истакнати шестоаголни издувни цевки. Вертикалното задно стакло сега има за цел да ја подобри видливоста, додека капакот на моторот е исто така направен од карбон. Има и нов елемент на задниот дел, а тоа е нов дифузер, кој како опција е во боја на каросеријата или во сјајно црна боја.
Севкупно, автомобилот е околу 6 сантиметри подолг од Huracan Evo, а Lamborghini тврди дека изгледот на Tecnica во профилот е инспириран од неговиот хиперавтомобил Essenza SCV12, особено линијата на прозорците на новиот автомобил. Покривот во боја на каросеријата, исто така, може да биде обоен во црно како опција за усогласување со другите црни стилски карактеристики. Huracan Tecnica има 20-инчни алуминиумски diamond-cut тркала, кои исто така имаат хексагонален дизајн, a се обвиткани во Bridgestone Potenza Sport пневматици.
Внатре, стандардно се поставени спортски седишта прилагодливи во висина, додека Lamborghini ќе понуди lightweight опција за дизајн на вратите, како и тркачки појаси. Поголем напор е вложен во употребливоста – и при крстарење на пат и со голема брзина на патека – со поедноставена графика која содржи помалку бои на дигиталната инструмент табла пред возачот. Централниот екран на допир е задржан, нудејќи компатибилност со Apple CarPlay, Android Auto и Amazon Alexa, додека опциите за приспособување се проширени.
Lamborghini нуди осум стандардни бои за надворешноста, но како дел од програмата за персонализација на брендот Ad Personam, има повеќе од 200 дополнителни избори на бои. Tecnica добива нов Alcantara тапацир, додека опциите за внатрешно украсување вклучуваат различни бои и дизајни на шевовите, како и амблемот Tecnica извезен на седиштата на автомобилот.









