Неодамна освежениот Škoda Kodiaq пристигна во салонот на Skoda во Скопје.
Иновативниот Kodiaq доби низа подобрувања за 2022 година, а до сега е произведен во повеќе од 600.000 примероци од фабриката Квасини во Република Чешка. Новата верзија сака да го надмине овој успех, нудејќи им на клиентите најсовремени технологии, вклучително и нови мотори и иновативна технологија со надградени системи за помош и асистенција.
Новиот и уште поемотивен дизајн е клучната карактеристика на освежениот Kodiaq. На предната страна му е дадена поисправена шестоаголна решетка на ладилникот и нова подигната хауба. Другите дополнителни детали му даваат на Kodiaq повеќе теренски изглед, а особено новите редизајнирани браници. Други забележливи карактеристики се поширокиот централен отвор за воздух и деталите во алуминиум.
Предните светла се исто така нови и сега се потесни и подинамични. Во комбинација со светлата за магла, тие создаваат нов изглед на моќниот SUV. Предните фарови се со стандардна LED технологија, а како опција може да се земат full LED Matrix светла. Задниот браник доби карактеристичен дифузер и неговиот дизајн одговара на предниот браник. Со изразените рабови, преработениот браник оптички го проширува автомобилот и му дава уште подинамичен изглед. Тоа е засилено со уште две карактеристики: првенствено новиот спојлер на горниот дел од петтата врата и редизајнираните задни светла што стандардно се со LED технологија.
Внатрешноста на Kodiaq исто така добива низа промени. Новите контрастни шевови и проширениот опсег на функции на LED амбиенталното осветлување создаваат ново визуелно доживување, додека суптилните детали хармонично го нагласуваат целокупниот изглед на големиот SUV. За прв пат се нудат и ергономски седишта во Kodiaq – овие можат да бидат електрично прилагодени и вентилирани, и достапни се со функција за масажа. Покрај новите украсни елементи, клиентите можат да се одлучат за нови материјали за тапацирот на седиштата. Во познатите Ambition и Style пакети на опрема, сега се нуди опција за тапацир на седиштата направен од рециклирани материјали. Секој пакет на опрема – Ambition, Style, Laurin&Klement, Sportline и RS, има свои уникатни карактеристики. Пакетот Ambition нуди детали од алуминиум; Style има детали со дијамантска структура; а Laurin&Klement доаѓа со хромирани компоненти на рачките на вратите. Сите верзии на новиот Kodiaq имаат нов управувач: стандарден е новиот управувач со два крака со кристални контроли, додека спортските Sportline и RS имаат волан со три крака.
Стандардниот инфо-забавен систем вклучува дисплеј од 9.2-инчи. Пред возачот е поставена 10.15-инчна дигитална инструмент табла со четири профили на приказ или во случај на верзиите Sportline и RS, петти спортски профил. Инфо-забавните системи Bolero, Amundsen и Columbus имаат вграден eSIM и нивните корисници можат да очекуваат современи функции кои може да се контролираат преку мобилна апликација, како и преку Laura – гласовниот асистент кој зборува петнаесет јазици. Системот може да се поврзе со мобилните телефони преку Apple CarPlay, Android Auto и MirrorLink. Друга опција е Phone Box за безжично полнење на телефонот. Дури и аудио системот на Canton е изменет, со додавање на дополнителни два звучници за вкупно 12.
Škoda Kodiaq сега е достапен со вкупно пет мотори: два турбо дизел и три турбо-бензински мотори. Сите се дел од новата EVO линија, која става акцент на малите емисии. Влезниот мотор за Kodiaq е 1.5 TSI кој располага со 150 коњски сили и користи систем за деактивирање на цилиндри. Ова е единствениот мотор кај Kodiaq кој е комбиниран со рачен шестстепен менувач и погон на предните тркала. Четири цилиндарскиот 2.0 TDI ја обезбедува истата моќност од 150 коњски сили, но како стандард е приклучен на седумстепен DSG автоматски менувач и нуди избор на погон на предните или на сите четири тркала. Помоќниот дизел мотор е 2.0 TDI кој испорачува 200 коњски сили. Бензинскиот мотор со среден опсег е 2.0 TSI со моќност од 190 коњски сили.
Во Kodiaq RS за прв пат се вградува бензински мотор кој бидејќи е помоќен, а сепак полесен, го прави автомобилот уште подинамичен. Под хаубата на оваа верзија се наоѓа 2.0 TSI мотор кој испорачува 245 коњски сили. Силата се пренесува на сите четири тркала преку седумстепен DSG автоматски менувач.
Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Škoda.

















