Освежената SEAT Ateca отсега достапна и на македонскиот пазар

Фејслифт моделот се заснова на своите компактни SUV атрибути, додавајќи освежен и поемотивен изглед како внатре, така и надвор, целосно поврзано корисничко искуство, подобрено ниво на безбедност и удобност и зголемена ефикасност.

Промените на надворешниот дизајн во однос на претходниот модел вклучуваат ревидирана решетка за ладилникот, нови LED предни светла и редизајнирани светла за магла. Предниот браник е комплетно нов и има нов дизајн на отворите за воздух. Додадени се и новите линии на хаубата кој ги имаат и новиот Leon и Tarraco, воспоставувајќи дополнителна визуелна врска помеѓу овие модели. На задниот дел, има нов браник, нов спојлер, како и нови LED светла. Светлата имаат сличен дизајн како оние на Tarraco и Ateca сега добива динамички трепкачи. На вратата од багажникот името е Ateca сега е напишано со новиот фонт на SEAT кој за прв пат го видовме на новиот Leon.

Во внатрешноста, новата Ateca добива нов кожен управувач(истиот од новиот Leon), избор на нови дизајни за седиштата. Пред возачот е поставена нова 10.25-инчна дигитална инструмент табла, а на централната конзола се ноаѓа нов infotainment систем со 8.25 или 9.2-инчен дисплеј. Новиот модел добива и неколку нови безбедносни системи како што се – front assist, side assist, exit assist и pre-crash assist.

Ateca и понатаму е достапна со добро познатите TSI и TDI мотори – кај бензинците понудата започнува со 1.0-литарскиот TSI кој е достапен во две верзии, со 110 коњски сили и со 115 коњски сили. Следен е 1.5-литарскиот TSI со 150 коњски сили, а на врвот на понудата е 2.0-литарскиот TSI со 190 коњски сили. Кај дизелите достапен е само 2.0-литарски TDI мотор во две верзии – 115 и 150 коњски сили. Појаките мотори стандардно се опремени со 7-степен DSG автоматски менувач и погон на сите четири тркала.

Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на SEAT.

More Stories
Toyota RAV4