Opel со најава за новата Mokka

Новата Opel Mokka е на пат, сè уште камуфлирана, но подготвена за првите важни тестови со инженерите на Opel. И електрична е! Втората генерација на Mokka е целосно нова, а нејзината нова технологија, вклучувајќи електрична моќ, темелно се тестира пред претставувањето на пазарот. Производството ќе започне во четвртиот квартал годинава, а првите автомобили ќе бидат електрични и треба да пристигнат кај клиентите во почетокот на 2021 година.

Новиот модел е исто така мал и стабилен, како и претходниот модел, но на многу попрогресивен и модерен начин – дури и поприлагоден на возењето во градот, дури и поелегантен за да остави голем впечаток. Екстра ефикасен, јасен и смел и секако електричен, уште од почетокот на продажбата. Клиентите можат да уживаат во возбудливата целосно електрична верзија, но исто така ќе биде достапна и со мотори со внатрешно согорување.

Иако сè уште камуфлирана, новата Mokka веќе ги покажува своите јасни пропорции со кратки предни и задни издадени делови – целосно усогласени со понатамошната развиена филозофија за дизајн на Opel. Следната генерација на Mokka го комбинира германскиот инженеринг со јасен, „детоксиран“ дизајнeрски јазик. Покрај тоа, возачите и патниците ќе можат да уживаат во целосно дигитализиран ентериер. Дизајнерите на Opel посветуваат големо внимание на намалувањето на основните работи.

Извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер вели: „Две и пол години многу внимателно го следев развојот на новата Mokka и сум горд на овoj нов Opel што ќе биде електричен уште од самиот почеток! Можам да ветам дека новата Mokka ќе биде еден од највозбудливите автомобили во нашата долга историја! Оваа втора генерација покажува сè што Opel се залага денес и во иднина тоа ќе ја промени перцепцијата за нашиот бренд. Нашите инженери сè уште имаат важна работа, но јас очекувам наскоро да ја претставам новата Mokka“.