Кога првата Opel Corsa излезе од производната лента во 1982 година, таа го отвори првото поглавје од тековната успешна приказна на брендот. Денес, 40 години и шест генерации подоцна, повеќе од 14 милиони примероци ги напуштија погоните. Opel ќе го прослави јубилејот со специјалната лимитирана верзија „Corsa 40 Years“.
Оваа лимитирана верзија на Corsa ќе се произведе во само 1.982 примероци. Доаѓа со нова специјална боја за каросеријата наречена “Rekord Red”, која многу потсетува на црвената боја користена на оригиналната Corsa A. Контрастот е обезбеден благодарение на црниот покрив и црните детали на надворешноста. Добива и уникатни 17-инчни алуминиумски бандажи во сјајна црна боја со инсерти во мат сива боја кој го заокружуваат динамичниот изглед на автомобилот.
Внатре, „Corsa 40 Years“ не само што е носталгична, туку и многу модерна. Внатрешноста е неконвенционално стилска, исто како и првата генерација, особено модерната интерпретација на оригиналните „Tartan“ седишта.
Значката која го означува ограниченото издание е подеднакво уникатна. Секоја „Corsa 40 Years“ ќе поседува своја ознака нумерирана од 0001 до 1982, сместена на црниот декор на контролната табла на совозачката страна. Покрај тоа, како и секоја Corsa, специјалниот модел нуди бројни нови технологии како стандард. Тука се инфозабавниот систем кој е компатибилен со Apple CarPlay и Android Auto, Full LED предни светла, најновите системи за помош на возачот кој вклучуваат како што се предупредување за преден судир со автоматско сопирање и детекција на пешаци.






