Opel ги претстави новите целосно електрични Astra и Astra Sports Tourer Electric

Opel го отвора следното револуционерно поглавје со новата Astra: денес производителот на автомобили од Rüsselsheim ги откри првите слики од новата Opel Astra Electric. Брендот на тој начин ја претставува првата целосно електрична верзија на Astra. Повеќедецениска успешна приказна на бестселерот од компактната класа и новокрунисана како „Златен управувач за 2022“. Но, тоа не е сè: во исто време со електричната верзија со пет врати, брендот богат со традиција ја претставува и новата Opel Astra Sports Tourer Electric, првиот целосно електричен караван од германски производител.

Во иднина, клиентите на Opel Astra ќе можат да избираат од повеќе алтернативи на погони отколку за кој било друг модел на „Blitz“. Покрај високоефикасните мотори со внатрешно согорување, Astra и Astra Sports Tourer се веќе достапни како електрифицирани plug-in хибридни верзии, вклучувајќи го и новиот врвен модел, Astra GSe. А гамата на погонски
склопови наскоро ќе биде надополнета со целосно електричната верзија Astra Electric, која ќе биде достапна за нарачка од пролетта 2023 година.

Новите Opel Astra Electric и Opel Astra Sports Tourer Electric ќе ги наелектризираат клиентите. Како и сите верзии на Astra, тие не само што импресионираат со смелиот и елегантен дизајн, туку и со нивните перформанси. Новата Astra Electric пренесува чиста забава при возење без емисија на штетни гасови. Електричниот мотор испорачува 156 коњски сили и моќни 270 Nm максимален вртежен момент – и двата модели од првиот допир на педалата за гас, обезбедуваат брзо стартување и убедливо забрзување. И додека многу други електрични автомобили се ограничени на 150 km/h или 160 km/h, новата Astra Electric има максимална брзина од 170 km/h. Во зависност од преференциите за возење, возачите на Astra Electric можат да избираат помеѓу трите режими Eco, Normal и Sport.

Енергијата се складира во литиум-јонска батерија од 54 kWh. 102-те батериски ќелии се сместени во 17 модули и гарантираат дека новата Astra Electric може да помине до 416 километри со полна батерија според WLTP тестирањата. Инженерите придаваат големо значење на ефикасното пакување и беа во можност да обезбедат примерен опсег со компактна големина на батеријата. Новата Astra Electric бара само 12,7 kWh електрична енергија на 100 километри (14,9 kWh според WLTP), што го прави не само совршено, ефикасно возило за секојдневна употреба, туку и идеален придружник кој заштедува време на подолги патувања – како модел со пет врати или како караван. Дури и кога електричната Astra треба да се наполни, ова значи само краток „стоп“ на станица за полнење. Astra Electric може да се наполни до 80 проценти од капацитетот на батеријата за околу 30 минути на станица за брзо полнење со директна струја од 100 kW. Дополнително, целосно електричната Astra е стандардно опремена со трифазен вграден полнач од 11 kW за домашен ѕиден полнач.

Батериите практично се сместени во долниот дел од каросеријата – така што во внатрешноста не се губи од просторот за патниците и багажот. Дури и со исправени задни седишта, Astra Sports Tourer Electric нуди 516 литри простор во багажникот – со склопени седишта, капацитетот се зголемува до 1.553 литри. Друга предност: ниската положба на батеријата, исто така, им дава на Astra Electric и Astra Sports Tourer Electric безбедна и цврста позиција на патот, како што е типично за Opel.

Внатрешноста, исто така, обезбедува особено интензивно искуство при возење: ергономските активни спортски седишта, опционално достапни во Alcantara, им овозможуваат на возачите и патниците на Astra Electric највисоко ниво на удобност. Седиштата, кои се сертифицирани од Aktion Gesunder Rücken e.V. (AGR), обезбедуваат одлична странична стабилност и широк опсег на опции за мануелно и електрично прилагодување.

Новата Astra Electric пренесува директно, динамично чувство при возење на прв поглед. Смел и елегантен дизајн, целосно електричната Astra доаѓа со лицето на брендот Opel Vizor, вклучувајќи дополнителен спортски дизајн на предниот браник во секое ниво на опременост. Друго што привлекува внимание се стандардните 18-инчни алуминиумски фелни со дијамантски сјај или целосниот црн финиш. И овде, новата Opel Astra Electric е непогрешливо јасна: компактната класа на Opel отвора ново поглавје – емотивно, електрифицирано и, за прв пат, целосно електрично.