Opel ги претстави новите Astra GSE и Astra Sports Tourer GSE

По најавата дека Opel ќе го оживее GSe како нов подбренд за динамични, електрифицирани модели, брендот објави информации и слики од првите нови GSe модели – новата Astra GSe и новата Astra Sports Tourer GSe. Како најсовремени plug-in хибриди, овие модели ќе понудат оптимален баланс помеѓу удобноста на возењето и управувањето ориентирано кон перформансите во комбинација со одговорноста за околината.

Со импресивна системска моќност од 225 коњски сили и максимален вртежен момент од 360 Nm новата Astra GSe и Astra Sports Tourer GSe нудат најдобри перформанси во нивните класи за лансирање од место, забрзување и максимална брзина. Дополнително, GSe моделите ќе бидат уште поинтересни за возење – ќе добијат специјално-доработено управување, како и надградена суспензија и помоќни сопирачки.

Германскиот производител на автомобили ги постигна карактеристиките на управување ориентирани кон перформансите со опремување на новите модели на Astra GSe со преработена шасија која е спуштена за 10 милиметри во однос на стандардните верзии на Astra.

Спортската калибрација на управувачот е специфична за GSe, додека уникатните пружини и амортизери на предната и задната оска се специјално подесени не само за динамично возење, туку и за удобност. Новите амортизери се карактеризираат со технологија на KONI, односно FSD (Frequency Selective Damping), која овозможува различни карактеристики на амортизација при високи фреквенции (контрола на суспензијата) наспроти ниски фреквенции (контрола на телото). Поставките за ESP се исто така ексклузивни за моделите GSe, при што прагот на активирање е прилагоден за да одговара на динамичкото однесување на возењето.

Новата генерација на Opel Astra е смела и чиста дизајнерска изјава за брендот, препознатливите стилски знаци на GSe му даваат уште понаменски изглед. Однадвор, дизајнот на 18-инчните тркала од лесна легура – ​​инспириран од познатиот, целосно електричен концепт Manta GSe – специфичниот преден браник и амблемот GSe на задната врата, не оставаат сомнеж за динамиката. Во внатрешноста, спортските амбиции се нагласени со предните седишта во Alcantara изведба – тие не се единствени само за GSe, туку дополнително ја прошируваат долгогодишната репутација на Opel за супериорна ергономија на седиштата, особено во компактната класа благодарение на сертификатот AGR.

Ознаката „GSe“ на Opel традиционално беше кратенка од „Grand Sport Einspritzung“ како на Opel Commodore GS/E и на Opel Monza GSE. GSe сега е врвниот, спортски подбренд на Opel, што значи „Grand Sport electric“. Со комбинирање на вредностите „забава во возење“ со опцијата за локално движење без емисии, моделите на Opel GSe ќе ги редефинираат перформансите.