Официјално: Еве го новиот KIA XCeed!

KIA официјално објави детали и фотографии од новиот кросовер, моделот XCeed.
Xceed е четвртиот член на семејството Ceed, приклучувајќи се на веќе постоечките модели- хечбек со пет врати, Sportswagon и Proceed shooting brake. Позициониран помеѓу Stonic и Sportage, Xceed е опишан од KIA како crossover utility vehicle(CUV).
Единствените делови кои ги дели со нормалниот Ceed се предните врати, секој друг панел од возилото е редизајниран. XCeed добива нови LED предни светла и поистакната предна решетка со помали доводи за воздух за да му даде уникатен изглед во споредба со другите Ceed модели. На задниот дел, исто така, има нови LED светла, како и целосно нов дизајн.
Меѓуоскиното растојание останува исто како и кај хечбекот- 2.650мм, но подолг е за 85мм, има повисок Ground Clearance за 42мм, како и повисок покрив за 43мм.

Внатре, дизајнот на кабината е скоро ист со сите други Ceed модели. Стандардно доаѓа со 8-инчен дисплеј за Infotainment системот, а како опција достапен е 10,25-инчен дисплеј со вградена навигација и Bluetooth, како и поддршка за Apple CarPlay и Android Auto.
Xceed е првиот модел на KIA кој има 12,3-инчен дисплеј во боја наместо конвенционалната инструмент табла. Достапен е и yellow color pack, кој додава детали во жолта боја околу отворите за климата, централната конзола, вратите, како и stitching на седиштата.
Багажникот е за 31 литар поголем од Ceed хечбек и вкупно на располагање достапни се 426 литри.

Понудата на мотори првично ќе биде составена од три бензински и два дизел мотори, додека во 2020 година ќе бидат достапни plug-in hybrid и 48-волтен mild hybrid погони. Бензинските мотори започнуваат со 1.0-литарскиот T-GDi со 120 коњски сили, следен е 1.4-литарскиот T-GDi со 140 коњски сили, а на врвот се наоѓа и 1.6-литарскиот T-GDi мотор со 204 коњски сили од Ceed GT. Кај дизел моторите, достапен е 1.6-литарскиот CRDi во две изведби- со 116 и 136 коњски сили. Освен 1.0 T-GDi моторот, сите други може да ги земете со 7-степен автоматски менувач со двојна спојка.