Официјално доделени признанијата Златно Тркало 2022 за Најпосакуван Автомобил

На свечена церемонија официјално ги доделивме признанијата за Најпосакуваните Автомобили во Македонија за 2022 година!

Откако заврши гласањето и беа прогласени победниците во овогодинешното трето по ред издание на Златно Тркало, на ред дојде и свеченото доделување на наградите. Овогодинешните победници во Националниот Избор за Најпосакуван Автомобил – Златно Тркало 2022, ги добија своите статуетки, а на настанот присуствуваа претставници на автомобилската индустрија во нашата земја и голем број на гости.

Гласањето траеше 14 дена каде што сите Вие го дадовте вашиот глас. Оваа година се избираше меѓу 14 различни автомобили во пет различни категории. На крајот, беа собрани вкупно 12.216 гласови. Настанот е во организација на Авто Плус, CarClub.mk, CarsbyVik и RPM.mk.

Во категоријата Најпосакуван Градски автомобил победи новиот Peugeot 308 со 37.70% од гласовите.

Во категоријата Најпосакуван Електрифициран автомобил победи целосно електричниот Volkswagen ID.4.

Во категоријата Најпосакуван Семеен автомобил победи новиот Kia Sportage со 39.11% проценти од гласовите.

Во категоријата Најпосакуван Премиум автомобил победи Porsche Taycan Cross Turismo со 43.45% проценти од гласовите.

Во категоријата Главна Награда – Најпосакуван Автомобил во Македонија за 2022 победи Volkswagen ID.4 со освоени 38.35% од гласовите.

Честитки до сите победници и голема благодарност до сите учесници и до сите оние кои го дадоа својот глас. Исто така, најавуваме дека новиот циклус започнува уште од денес!

ГАЛЕРИЈА ОД НАСТАНОТ