Volkswagen T-Cross

Најмалиот член во SUV семејството на Volkswagen пристигна во салоните и кај нас!

Volkswagen T-Cross е позициониран под моделот T-Roc и ја користи модуларната MQB A0 платформна на VW групацијата. T-Cross изгледа интересно и многу урбано-баш како што и треба. Компактниот кросовер ги добива сите оние “off-road” елементи на браниците, крилата и од страните. На задниот дел има спортски LED светла кои се поврзани со хоризонтален бар кој даваат уникатен и модерен изглед.

Во внатрешноста, T-Cross го има веќе добро познатиот дизајн на Volkswagen, а е многу сличен со оној во T-Roc. Бидејќи ова е модел наменет за помладите купувачи, T-Cross е опремен со амбиентално осветлување, 10,2-инчна дигитална инструмент табла, автоматски Park Assist, 8,0-инчен infotainment дисплеј, панорамски сончев покрив и многу друго…

T-Cross е достапен со три бензински и еден дизел мотор. Кај бензинците понудата започнува со 1.0-литарскиот TSI со 95 коњски сили, потоа следува истиот 1.0 TSI, но со 115 коњски сили и на врвот е 1.5-литарскиот TSI со 150 коњски сили. Дизелот е 1.6-литарски TDI со 95 коњски сили. Сите модели се само со преден погон и во зависност од моторот добивате 5-степен или 6-степен мануелен менувач или пак 7-степен автоматски DSG менувач. Во Македонија T-Cross е достапен во три нивоа на опременост: T-Cross, Life и Style, а почетната цена за модел со 1.0 TSI 95 мотор изнесува 18.406€.

ГАЛЕРИЈА

Виктор Чемерикиќ

Виктор Чемерикиќ

Љубител на автомобили уште од 1997, основач на вебсајтот ”CarsByVik” и професионален автомобилски фотограф.

Остави коментар