Новиот Toyota Highlander Hybrid пристигна во Македонија

Најголемиот SUV во понудата на Toyota, моделот Highlander за прв пат до сега е достапен и за европскиот пазар.

Новиот Highlander Hybrid е долг 4966 милиметри, широк 1930 милиметри, висок 1755 милиметри и има меѓуоскино растојание од одлични 2850 милиметри. Надворешниот дизајн на Highlander комбинира елегантен, динамичен и софистициран стил.

Внатрешноста е дизајнирана да ја нуди целата практичност, издржливост и просторност што се очекува од еден семеен SUV модел со 7 седишта, создавајќи пријатно и луксузно опкружување за сите патници. Пред возачот се наоѓа 7-инчен дисплеј за инструмент кластерот, а на горниот дел од централната конзола стандардно доаѓа 8-инчен дисплеј за инфозабавниот систем, додека во повисоките нивоа се добива 12.3-инчен дисплеј. Дел од стандардната опрема вклучува и Toyota Safety Sense, smart entry, LED фарови, греење на предни седишта, три-зонски автоматски клима уред и многу, многу друго.

Конкретниот модел од фотографиите е во највисокото ниво на опременост па затоа е опремен со: 20-инчни алуминиумски бандажи, панорамски сончев покрив, електрично отворање и затворање на багажникот, проекторски LED фарови, JBL премиум аудио систем со 11 звучници и така натаму.

Во Европа, Highlander е достапен само со еден погон, а тоа е четвртата генерација на хибридниот погон на Toyota. Под хаубата се наоѓа 2.5-литарски бензински мотор кој работи во комбинација со електромотори и располага со моќност од 248 коњски сили. Силата се пренесува на сите четири тркала преку CVT автоматски менувач, а според WLTP тестирањата Highlander Hybrid има просечна потрошувачка од 6.6 литри на 100 изминати километри. Големиот SUV само на електрична енергија може да вози до брзина од 125 километри на час, а над тоа 2.5-литарскиот бензинец ја превзема работата.

За повеќе информации околу возилото посетете го продажниот салон на Toyota каде што ќе може да го видите новиот Highlander Hybrid или посетете ја официјална веб-страна.