Новиот Porsche Taycan пристигна во Македонија!

Целосно електричниот Porsche Taycan пристигна во салонот на Porsche во Скопје!
Со својот чист дизајн, Taycan го сигнализира почетокот на новата ера. Во исто време, ја задржува непогрешливата ДНК за дизајн на Porsche. Од предната страна изгледа особено широко и рамно со високо контурирани крилја. Силуетата ја обликува спортската кровна линија која се наклонува надолу кон задниот дел. Карактеристични се и високо-извајаните странични делови. Тенка кабина, привлечениот заден С-столб и изразените раменици на крилјата резултираат во остра нагласена задница, типична за Porsche. Исто така, постојат иновативни елементи како што е логото Porsche со стакло-ефект, кој е интегриран во светлосната лента од задниот дел. Коефициентот за воздушен отпор изнесува 0,22, благодарение на аеродинамично оптимизираната основна форма која дава значаен придонес за ниската потрошувачка на енергија и со тоа и долгиот досег.

Кокпитот сигнализира почеток на нова ера со својата јасна структура и целосно нова архитектура. Слободниот, превиткан кластер на инструменти претставува највисока точка на контролната табла. Ова става јасен фокус на инструментите кон возачот. Централен, 10,9-инчен дисплеј за инфозабавниот систем и дополнителен патнички дисплеј се комбинирани за да формираат интегриран стаклен опсег во црниот панел. Сите кориснички интерфејси се целосно ново дизајнирани за Taycan. Бројот на класични хардверски контроли како прекинувачи и копчиња е значително намален. Наместо тоа, контролата е интелигентна и интуитивна – користејќи ја операцијата на допир или функцијата на гласовна контрола, која одговара на командата „Hey Porsche“.

Со Taycan, Porsche за прв пат нуди ентериер комплетно без употреба на материјали од животинско потекло. Ентериери направени од иновативни рециклирани материјали го потенцираат одржливиот концепт на електричниот спортски автомобил. Дополнителниот простор за патниците е добиен од вдлабнатините на батеријата во задниот дел од возилото – обезбедена е удобност при седење на задниот дел и задржена е ниската точка на тежиште на возилото што е типично за спортски автомобили. Достапни се два багажни простори: предниот простор има капацитет од 81 литар и задниот 366 литри.

Конкретно изложениот модел е во Turbo изведба која располага со 680 коњски сили, забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 3.2 секунди, додека максималната брзина изнесува 260 км/ч. Оваа изведба има опсег од 450 километри. Taycan е првото возило со системски напон од 800 волти наместо вообичаените 400 волти за електрични автомобили. Ова е посебна предност за возачите на Taycan на патот: за нешто повеќе од пет минути, батеријата може да се наполни со употреба на директен полнач (DC) од мрежата за напојување со голема моќност за опсег до 100 километри. Времето на полнење од 5 до 80 проценти е 22,5 минути со полнење во идеални услови, а максималната моќност за полнење е 270 kW. Целокупниот капацитет на батеријата Performance Battery Plus е 93,4 kWh.

Taycan има два исклучително ефикасни електрични мотори, еден на предната оска и еден на задната оска, со што автомобилот добива погон на сите тркала. Модулите имаат најголема моќност по диспозиција (kW на литар простор) од сите електрични погони на пазарот денес. Двостепениот менувач инсталиран на задната оска е иновација развиена од Porsche. Првата брзина му дава на Taycan уште поголемо забрзување од место, додека втората брзина со долг сооднос на менувачот обезбедува висока ефикасност и подеднакво големи резерви на моќност. Ова важи и при многу големи брзини. Porsche користи централно мрежно контролен систем на шасијата во Taycan. Контролата на шасијата со интегрален Porsche 4D систем ги анализира и синхронизира сите системи на шасијата во реално време. Иновативните системи за шасија вклучуваат адаптивна воздушна суспензија со трикоморна технологија, вклучувајќи електронска контрола на амортизерите PASM (Porsche Active Suspension Management), како и системот за контрола на шасијата Porsche Dynamic Chassis Sport (PDCC Sport), вклучувајќи електро-механичка стабилизација и Porsche Torque Vectoring Plus (PTV Plus).

За повеќе информации околу возилото посетете го продажниот салон на Porsche!