Volvo неодамна го освежи популарниот SUV XC60, a новиот модел е веќе достапен во продажниот салон на Volvo во Скопје.
Промените кои се направени не сe однесуваат до толку на изгледот туку на технологиите. XC60 сега го добива новиот инфозабавен систем на компанијата кој е во соработка со Android и добива вградени апликации и услуги на Google, а ова го прави најпродаваниот Volvo попаметен од кога било досега. Интуитивниот инфозабавен систем од новата генерација им нуди на клиентите поголема персонализација и неспоредлива поврзаност, која дополнително се подобрува преку воведувањето на сосема нов пакет на дигитални услуги.
Volvo Car Group е првата компанија која се здружи со Google за интегрирање на инфозабавен систем поддржан од Android со вградени апликации и услуги на Google и по неколку години развој меѓу двете компании, целосно електричниот XC40 Recharge стана првиот автомобил на Volvo кој го доби овој систем.
Во однос на безбедносните надградби, XC60 сега доаѓа опремен со најновата Advanced Driver Assistance Systems (ADAS) сензорска платформа на Volvo Cars, ова е модерен систем за активна безбедност кој се состои од низа радари, камери и ултразвучни сензори. Оваа платформа овозможува развој и распоредување на активни безбедносни системи во XC60, како што се откривање на други учесници во сообраќајот, автоматско сопирање и избегнување судар. Исто така, овозможува нежна поддршка на возачот преку функцијата Pilot Assist.
Додека големите промени се случуваат длабоко во XC60, дизајнерите на компанијата направија и неколку суптилни подобрувања на надворешниот дизајн, вклучувајќи нова решетка, нов преден и заден браник, како и нови бои за каросеријата и нови дизајни за алуминиумските бандажи. Во внатрешноста, сега се достапни нови материјали, вклучувајќи луксузни „leather-free“ опции, како и целосно нов текстил, наречен City Weave.
Што се однесува до моторите, XC60 е достапен со два дизел мотори, три бензински и три Plug-in хибридни верзии. Кај дизелите, достапен е 2.0-литарски мотор со 197 и со 235 коњски сили. Бензинските верзии исто така користат 2.0-литарски мотор кој е достапен со 197, 250 и 300 коњски сили. Plug-in хибридните верзии го користат истиот мотор и испорачуваат 341, 392 и најмоќната Polestar верзија има 405 коњски сили. Сите верзии стандардно се опремени со 8-степен автоматски менувач, додека освен основниот дизел и основниот бензинец , сите други стандардно се опремени и со погон на сите четири тркала.
Повеќе од една деценија, XC60 е постојано присутен во највисокото ниво на еден од најконкурентните сегменти на пазарот. Тој е најпродаван модел на брендот почнувајќи од 2009 година, а до 2021 година достигна продажба од над 1,68 милиони единици ширум светот.
Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Volvo Cars.



























