Новиот Opel Crossland е многу повеќе од само убаво лице. Разновиднoста е таа што го издвојува. Стил кој е подготвен на сè. Од смелиот и оргинален визир до чистиот и практичен ентериер, Crossland е флексибилен SUV за секојдневно уживање, со уникатен дизајн кој привлекува погледи каде и да одите.
Овој модел носи нова димензија на чист прогресивен дизајн. Германски инжинеринг што ги задоволува сите ваши потреби. Со релаксиран, самоуверен стил и комфорнa SUV положба, тој е совршен за секој.
Свеж и компактен од надвор. Сосема природно ги интегрира предната маска и фаровите т.е. новиот визир кој се протега од едниот до другиот крај, по целата должина на предницата. Визирот оптички го проширува и мошне ефикасно ги организира предните елементи, преточувајќи го во чист и современ дизајн, оставајќи амблемот на Брендот да доминира во средишниот дел. Одзади, затемнетите LED стоп светла го заокружуваат стилот и прегледноста и претставуваат уникатен светлосен потпис на Opel кој е во форма на крила. Тука се нагласува и сјано црна боја на задната врата, како и новиот симбол, кои го истакнуваат неговиот широк и моќен дизајн.
Внатре ќе Ве дочека практична и просторна кабина. Ќе уживате во супериорната удобност на седиштата Alcantara, интуитивно управување и подигната положба на седење типична за SUV возилата.
За повеќе информации обратете се кај дилерската мрежа, во „Аутомакедонија“- Скопје и „Ауто Цем“– Тетово, или во „Еуроимпекс“ Генерален увозник за Opel.



