Новиот Mercedes-Benz GLC пристигна во Македонија

Во салонот на Mercedes-Benz во Скопје пристигна новата втора генерација на SUV моделот GLC. Воедно, ова е и еден од најпродаваните модели на брендот. Секоја верзија на новиот GLC е електрифицирана, со 48-волтна mild-hybrid технологија, а достапни се и три plug-in хибридни верзии.

Благодарение на новата MRA2 платформа на Mercedes, споделена со новиот C-Class, брендот направи еволутивно ажурирање на дизајнот на овој SUV. Редизајнираниот преден дел го прифаќа најновиот дизајнерски јазик на брендот. Фаровите со нов изглед сега се вклопуваат во предната решетка, завршени со впечатлив изглед кај AMG Line моделите што користат шема со трикратна ѕвезда на Mercedes. Спортскиот изглед на предниот дел е дополнително зголемен кај AMG Line верзиите, со хромирани „off-road“ елементи. Во профил, дизајнот на GLC има нови контурни линии, додека заштитните панели околу тркалата за прв пат до сега може да бидат во боја на каросерија. Алуминиумските бандажи кои се достапни се со големина од 18 до 20-инчи. Дизајнот на задниот дел е познат, нежно еволуиран во однос на претходниот модел. Задните LED светла сега се со нов дизајн, сличен на оној како кај новиот C-Class, додека браникот добива нова форма со (за жал) лажни отвори за издувот.

Со должина од 4.716 мм, новиот GLC е 60 мм подолг од претходникот, додека автомобилот е понизок за 4 мм. Голем дел од дополнителната должина на новиот автомобил се должи на подолгиот заден дел – потег за кој Mercedes тврди дека има придобивки во практичноста. Багажниот капацитет сега е 70 литри поголем од претходно, со вкупно 620 литри капацитет во стандардна конфигурација.

Во внатрешноста, GLC презема револуција инспирирана од C-Class. Застарената внатрешност на стариот модел е целосно ажурирана, а новиот изглед користи дизајн на контролната табла со голема, закривена централна конзола. Исто така, има и нов 11.9-инчен екран на допир за инфозабавниот систем и низа на дополнителни контроли чувствителни на допир кои се наклонети кон возачот. MBUX системот е исто така компатибилен со надградби на софтверот преку воздух, одржувајќи ги системите и функциите на возилото ажурирани. Оваа способност, исто така, овозможува инсталирање на нови опционални функции на автомобилот со нивно купување во апликацијата Mercedes Me Store.

Пред возачот се наоѓа 12.3-инчна дигитална табла со инструменти што може да се конфигурира, а исто така може да биде поддржана од опционален head-up дисплеј. Дополнителни нови инфозабавни функции вклучуваат Newsflash, кој ги проширува функциите на гласовниот асистент на Mercedes Me за да вклучи персонализирани билтени за вести од избор на извори на вести, читани на глас од гласовниот асистент по барање.

Сите верзии на новиот GLC се стандардно опремени со деветстепен автоматски менувач и 4MATIC систем за погон на сите четири тркала, додека моќта доаѓа исклучиво од 2.0-литарски турбо мотори со четири цилиндри. На бензинските и дизел верзиите со 48-волтна помош им се придружуваат и три plug-in хибридни верзии. Достапни се две бензински и еден дизел мотори.

Сепак, новата plug-in хибридна технологија е таа што навистина ги унапредува понудите на погонските опции на овој нов GLC. Сите ја користат истата батерија од 31 kWh, која работи заедно со електричен мотор со 136 коњски сили и 440 Nm вртежен момент. Mercedes тврди дека секој Plug-in хибриден модел може да помине до 120 километри само на електрична енергија со полна батерија, а максималната брзина во овој начин на возење е 140 км/ч.

Конкретните модели од фотографиите се GLC 300e – користат 2.0-литарски бензински мотор спарен со електромотор и батерија за вкупна системска моќност од 313 коњски сили и 550 Nm вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 6.7 секунди додека максималната брзина изнесува 218 км/ч.

Повеќе информации за автомобилот може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Мак АутоСтар.