Новиот Mercedes-Benz GLB е мошне разновнидно и просторно семејно SUV возило, а воедно ова е и првиот модел на Mercedes-Benz во овој сегмент. Возилото располага со моќни четирицилиндрични мотори, најнова генерација на помошни системи при возење, MBUX plus системот за говорно комуницирање, како и опцијата ENERGIZING Comfort.
Новиот GLB има моќни пропорции со off-road елементи на надворешниот дизајн, а во споредба со другите SUV модели на Mercedes-Benz има и доста различен изглед. Стандардно сите модели се опремени со LED предни светла, а како опција достапни се понапредни MULTIBEAM LED светла кои овозможуваат исклучително брзо и прецизно електронско прилагодување на предните светла во зависност од состојба во сообраќајот. Моделите со 4MATIC погонот на сите тркала се опремени со Off-Road инженерски пакет, а во комбинација со MILTIBEAM LED предните светла, овие модели добиваат и плус специјални off-road светла. Со ова се добива подобра видливост и полесно забележување на разни пречки при ноќни и тешки теренски услови на возење.
Внатрешноста на возилото ќе ви биде добро позната бидејќи има многу сличен дизајн како и во другите модели на брендот. Вниманието го привлекува MBUX системот со екран за комуникација со автомобилот, како и големиот број на разни алуминиумски детали низ целата кабина. Новиот GLB е првото компактно возило од Mercedes-Benz кое нуди и трет ред, односно дополнителни две седишта. Во третиот ред се наоѓаат неколку корисни додатоци како што се држачи за чаши, прегради за оставање на ситници и USB приклучоци, а кога не ви е потребен тој ред на седишта може да го спуштите и да биде на исто ниво како и подот на багажникот со што се добива поголем багажен простор за 190 литри.
Новиот GLB се нуди со неколку четирицилиндрични бензински и дизел мотори кои се веќе добро познати и кои содржат многу подобрувања во однос на претходната генерација, како во однос на зголемена моќност и вртежен момент, така и во однос на подобрување на ефикасноста и намалување на штетните емисии. Кај бензинците понудата започнува со 1.3-литарскиот мотор со 163 коњски сили, па следи 2.0-литарски мотор со 224 коњски сили и на крајот е спортската GLB35 AMG верзија со 2.0-литарски мотор кој испорачува 306 коњски сили. Доколку сакате дизел, на располагање е само 2.0-литарски мотор но во неколку различни верзии – со 116, 150 и 190 коњски сили.
4MATIC погонот на сите тркала е достапен како опција и овозможува постојан погон на сите тракала, но и променлива дистрибуција на вртежниот момент. Спортската конфигурација му овозможува на возачот да ја користи опцијата DYNAMIC SELECT, преку која се нудат 3 начини на возење, односно при регуларно возење во Eco или Comfort режим се заснова на однос 80:20 на дистрибуција на погонот на предна и задна оска, потоа во Sport режим со однос на дистрибуцијата 70:30, и off-road режимот со дистрибуција на погонот од 50:50. Исто така, достапен е Off-Road инженерски пакет, кој има способност да ја прилагоди моќноста на моторот, реална презентација на аголот на наклон на теренот за возење и помош при технички прилагодувања кои му помагаат на возачот околу изборот на соодветниот маневар на возење. На располагање е и системот за помош при тргнување на нагорнини, како и системот при спуштање на надолнини и бавно движење од 2 до 18 км/час.
Помошни системи за возење кои пружаат целосна поддршка на возачот, како и функционалност која се среќава кај S-класа. Благодарение на подобрената камера и радарските системи, новиот GLB е во можност да забележи до 500 метри пред возилото и притоа да се движи во полуавтоматски режим на работа. На располагање е и Active Lane Change Assist, активен систем за помош при промена на коловозна лента. Адаптивната суспензија е достапна како опција, а на овој начин возачот може да избере меѓу поудобна или изразенa спортска суспензија. Функцијата ENERGIZING е вистински уникат и на еден посебен начин се грижи за удобноста и здравјето на исклучително високо ниво. За таа цел оваа функција користи разни музички и светлосни опции за подобрување на расположението кај патниците, но се користат и повеќе варијанти на масажи кои се дел од различни велнес програми. ENERGIZING COACH е опција која ги препорачува овие програми, во зависност од условите на возењето.
Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на МакАутоСтар!




















